Ретро видео кое покажува дека љубовта кон книжарниците никогаш нема да исчезне!

🙂

Кафе и книги

Љубовта кон книжарниците и книгите постои со векови и се чини дека многу работи можат да се сменат, но тоа не.

8_bookstore

Со појавата на е-читачите и популарноста на веб-страните за продавање книги, се појави стравот дека книжарниците и книгите со корици полека го губат својот примат и дека со текот на време ќе ги снема. Но, оваа година книгите со корици се вратија на врвот, а и книжарниците ширум светот имаа пораст на продажбите. Кон крајот на 2015 година, дури и Амазон отвори физичка книжарница за прв пат во својата историја.

Тоа само покажува дека во суштина луѓето не се менуваат многу, а ова ретро видео од 1946 година, насловено како „Љубител на книги“, совршено покажува зошто книжарниците ни се толку важни. Можеби поминале 70 години од ова видео, технологијата ужасно многу е напредната, но се што ќе видите во видеото е нешто во коешто сите ќе се пронајдеме…

View original post 14 more words

Advertisements

Букви и прегратки

Зборови, чиниш ќе те отрујат ако не се соодветно искажани, а буквите чекаат да бидат правилно наредени по оној редослед кој вика дека зборовите и хартијата ќе водат љубов додека прстите ти создаваат цели светови, исто како што една прегратка за некого може да биде цел свет. Ладно е, и зборот може да ти ја … Продолжи со читање Букви и прегратки

ОВИЕ КНИГИ ЌЕ ВЕ НАПРАВАТ ПОДОБРА ЛИЧНОСТ ВО 2017 ГОДИНА

Во случај да ви се потребни книги за да станете подобра личност, еве што препорачуваат Индепендент. Прочитајте во продолжение:  2016 беше прилично луда година. Променлива политичка сцена, висока смртност, загрижувачки климатски трендови и што уште не се демначите од кои единствено бегство би биле страниците на некоја добра книга. Во продолжение ви споделуваме наслови што … Продолжи со читање ОВИЕ КНИГИ ЌЕ ВЕ НАПРАВАТ ПОДОБРА ЛИЧНОСТ ВО 2017 ГОДИНА

Затоа што те љубам – Гијом Мисо

Видливо отстапување од редицата класични и конвенционални љубовни приказни кои третираат чиста емоција во дежа ву и дежа вивенди облик и поради истата таа причина, истовремено се прифатени со скептицизам, недоверба и став дека „тоа се случува само на филм“. Но, првенчето на Мисо ветува многу уште со првата прочитана страница… Искрено кажано, оваа книга … Продолжи со читање Затоа што те љубам – Гијом Мисо

Не се плаши да ја сакаш, плаши се да не ја изгубиш!

Лежиш во топла соба слушајќи ги звуците на џез мелодијата додека дождот надвор ѝ објавува војна на земјата , а ти ги слушаш само мелодиите кои те потсетуваат на неа... „Војна и мир е љубовта“, слушна во една песна, и не можеше повеќе да се согласи околу ова. Само те молам, немој да ѝ предизвикуваш … Продолжи со читање Не се плаши да ја сакаш, плаши се да не ја изгубиш!

Убаво е кога…

Убаво е кога после напорниот ден има некој што те чека да се вратиш дома и да му раскажеш што ти се случувало во текот на денот. Убаво е кога си во целосна хармонија со себе и знаеш дека не ти треба многу за да бидеш задоволен. Убаво е кога ти се исполнуваат желбите што … Продолжи со читање Убаво е кога…

Записите за Џозефина (95)

Не ѝ беше потребна шминка за да изгледа убаво, потребна ѝ беше само добра волја и жед за љубов како и жед за љубов кон животот. Со тие две работи можеше карпи да поместува. И беше семоќна во тој поглед. Во нејзиното битие толку љубов беше збрана, што и за два живота ќе ѝ беше … Продолжи со читање Записите за Џозефина (95)

Записите за Џозефина (92)

Можеби небото знае колку е силна, ако тоа другите не можат да го видат, можеби небото знае колку е осамена, ако таа нема да го признае тоа лесно. Можеби небото знае колку е силна, ако некогаш и сама не е свесна, можеби небото знае колку е осамена ако никогаш не е сама. Можеби небото знае … Продолжи со читање Записите за Џозефина (92)

„Дневна доза љубов“

Неопходна, движечка и мотивирачка сила која ни го разубавува животот е токму љубовта. Погледнете ги следниве илустрации кои ја покажуваат љубовта во наједноставните работи: Илустрации за вистинска љубов Не се потребни повеќе зборови.