Текот на реката

Шаренило во црно-бел свет. Сивило во обоен живот. Солза од радост и насмевка низ болка, две моќни оружја. Живот тече како река, ќе се удавиш ако не научиш да пливаш. Река тече како живот, не можеш да ја запреш, а сепак умира. Умрени се и оние што се живи, а умрените се поживи од нив. … Продолжи со читање Текот на реката

Лагата победи, а таа одлучи да ѝ ја предаде битката

Ја лажеше, постојано и неуморно. Секој збор што го изговараше беше лажен, а таа се правеше дека му верува. Чекаше да види до кога, замижуваше и прогледуваше низ прсти, но и прстите се уморија од толку прогледување низ нив. Не сакаше да ја играат, почна да ја игра неговата игра и секоја лага ја поземаше … Продолжи со читање Лагата победи, а таа одлучи да ѝ ја предаде битката

Записите за Џозефина (88)

  Златен ден со бисери осветлен, со убава мисла почнат, со насмевки збогатен, со златни сни обоен. Секој нејзин ден нов предизвик, со широко отворени раце пречекан, секој нејзин ден нова шанса, со промислена одлука прифатена. Секоја нејзина солза, со негови прсти избришана секоја нејзина насмевка со негови усни покриена. Секоја нејзина победа со пот … Продолжи со читање Записите за Џозефина (88)

Записите за Џозефина (86)

66   Нескротлив дух кој не знае за одмор, непрекината песна која нема крај, непресушен извор кој не знае за суша, непобеделив борец кој не знае за пораз. Божествен лик со правилни црти, тело како да го вајал највештиот склуптор, бистар ум како да му припаѓа на генијалец, ѝ припаѓаше на Џозефена. И сето тоа … Продолжи со читање Записите за Џозефина (86)

По(беда)раз

Во чемерот на ноќта утрото ја носи вистината и лекува и солза пресушува. Во далгите на денот ти го носиш спокојот со чисто срце со смирен поглед. Скриен од светот, а од себе не, скриен од зло но, не имун на него. Скриен од светот во голема крошна, засолнат, но, не и безбеден. Ти си … Продолжи со читање По(беда)раз