Откривање на причините за настаните (23)

Во домот му поминуваа последните денови од патувањето и неговите авантури кои можеби и не изгледаат премногу возбудливи. Таков беше планот на научниците, последните денови да ги помине на затворено во комуникација со што е можно поголем број на луѓе. Размени мислења речиси со сите, ја доби и една од последните насоки, Насока бр. 5 … Продолжи со читање Откривање на причините за настаните (23)

Последните денови од патувањето (22)

Сега откако престојуваше речиси една недела во домот за стари лица се навикна на таквиот живот иако првично му се чинеше како невозможна мисија да живее затворен во четири ѕида. Сега откако престојуваше речиси една недела во домот за стари лица се навикна на таквиот живот иако првично му се чинеше како невозможна мисија да … Продолжи со читање Последните денови од патувањето (22)

Неочекувана средба (19)

Се појави во дворот на една огромна куќа која претходно никогаш ја немаше видено. Не знаеше точно каде се наоѓа, ниту пак знаеше кои се сопственици на куќата во чиј двор беше веќе влезен. Тоа беше приватна сопственост и знаеше според правилата дека не смее да појде на туѓ имот доколку не е поканет. За … Продолжи со читање Неочекувана средба (19)

Почетокот на второто патување (17)

Ова патување траеше пократко. Барем така му се чинеше. Сега немаше потреба да учи ништо човечко, зошто испитот одамна го положи и можеше да биде квалификуван како човек без дополнителни подготовки. Првото патување го направи човек каков што требаше да биде за ова второ и последно патување пред да се врати на својата планета. Пристигна … Продолжи со читање Почетокот на второто патување (17)

Историско патување и претворање од ветер во човек (11)

Дали ќе посака никогаш да не се врати таму од каде што дојде? И дали ќе постои нешто што би можело да го задржи тука засекогаш? Дали ќе може да ги прекрши сите правила и да остане во човечка форма засекогаш? Дали ќе вреди тоа на таа возраст? Беше речиси на околу шеесетина човечки години, … Продолжи со читање Историско патување и претворање од ветер во човек (11)

Грижливиот Ветер (10)

Кога зачекори во новиот дом Детето кое претходно немаше почувствувано таква топлина го совладаа емоциите и не знаеше на каков начин да ја изрази радоста. Му се фрли во прегратка на Ветерот кој пак не беше навикнат на прегрнување, а Детето го прегрна два пати во два дена. „Можеби и овде не било така лошо, … Продолжи со читање Грижливиот Ветер (10)

Животен пресврт (8)

Штом ги отвори очите детето погледна низ прозорецот зошто креветот на кој лежеше беше свртен токму во таа насока и виде дека во дворот веќе почнале лисјата да паѓаат и да ги позлатуваат зелените килими. Се прашуваше колку време поминало откако заспа, и дали Ветерот сѐ уште го чека како што му вети. Тогаш во … Продолжи со читање Животен пресврт (8)

Ти не си секогаш таков – Ацо Шопов (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/aco-sopov-shopov-ti-ne-si-sekogash-takovti-ne-si-sekogas-takov Пријателе, знам, ти не си секогаш таков, и не се такви сите твои есени. Тажно е да зборуваш осамен во мракот за своите радости однесени. Тажно е да копнееш за една средба само кога ти е животот бескрајно патување, галеби да носиш на своето рамо a да не гo чуеш нивното милување. Тажно е … Продолжи со читање Ти не си секогаш таков – Ацо Шопов (рецитација)