Објаснување за мистериозното исчезнување и појавување (24)

Кога се врати назад во својата соба сфати зошто требало да се сретне со Валерија. За да не биде збунета и да биде сигурна дека навистина тој постоел, а тоа што тогаш во тој момент бил невидлив за сите останати освен за неа не можеше да се објасни за толку кратко време и затоа реши … Продолжи со читање Објаснување за мистериозното исчезнување и појавување (24)

Откривање на причините за настаните (23)

Во домот му поминуваа последните денови од патувањето и неговите авантури кои можеби и не изгледаат премногу возбудливи. Таков беше планот на научниците, последните денови да ги помине на затворено во комуникација со што е можно поголем број на луѓе. Размени мислења речиси со сите, ја доби и една од последните насоки, Насока бр. 5 … Продолжи со читање Откривање на причините за настаните (23)

Последните денови од патувањето (22)

Сега откако престојуваше речиси една недела во домот за стари лица се навикна на таквиот живот иако првично му се чинеше како невозможна мисија да живее затворен во четири ѕида. Сега откако престојуваше речиси една недела во домот за стари лица се навикна на таквиот живот иако првично му се чинеше како невозможна мисија да … Продолжи со читање Последните денови од патувањето (22)

Измачувачки прашања (20)

Почна да размислува уште колку време има до крајот на ова второ патување и која беше поентата да се среќава со толку различни луѓе на различни места, и зошто можеше да биде невидлив? Во договорот стоеше дека патувањата ќе бидат непредвидливи, изненадувачки и напорни, но никаде не беа спомнати овие подробности кои го измачуваа. Од … Продолжи со читање Измачувачки прашања (20)

Неочекувана средба (19)

Се појави во дворот на една огромна куќа која претходно никогаш ја немаше видено. Не знаеше точно каде се наоѓа, ниту пак знаеше кои се сопственици на куќата во чиј двор беше веќе влезен. Тоа беше приватна сопственост и знаеше според правилата дека не смее да појде на туѓ имот доколку не е поканет. За … Продолжи со читање Неочекувана средба (19)

Мистериозното исчезнување и појавување (18)

Што се случи? Како е ова можно? Ова не беше никаде спомнувано во ниту едно правило, а не го вежбал додека се подготвуваше за живот на Земјата, или грешеше, не беше сигурен воопшто. Прво си помисли дека е некоја грешка, или пак тие со кои соработуваше намерно не му спомнаа за тоа како дел од … Продолжи со читање Мистериозното исчезнување и појавување (18)

Почетокот на второто патување (17)

Ова патување траеше пократко. Барем така му се чинеше. Сега немаше потреба да учи ништо човечко, зошто испитот одамна го положи и можеше да биде квалификуван како човек без дополнителни подготовки. Првото патување го направи човек каков што требаше да биде за ова второ и последно патување пред да се врати на својата планета. Пристигна … Продолжи со читање Почетокот на второто патување (17)

Заминувањето на големиот Ветер во нови авантури (16)

Преостанатите два дена беа исполнети со многу активности, запознавање на градинарот и Детето, и прошетките на сите тројца беше совршена прилика Ветерот и Детето да ги поминат заедно преостанатите часови пред разделбата, а градинарот да се зближи со него за да им биде попријатно во првите денови додека се навикнуваат на заедничкото живеење. Од нивното … Продолжи со читање Заминувањето на големиот Ветер во нови авантури (16)

Последните денови на Ветерот на првото патување (15)

Следните денови поминуваа многу брзо. Ветерот се обидуваше да го научи Детето да чита на различни начини кои му паѓаа на памет и со помош на кои тој учеше да чита претходно. Откако Ветерот му кажа дека добил во наследство пари кои ќе може да ги троши додека е жив, тоа никогаш повеќе не го … Продолжи со читање Последните денови на Ветерот на првото патување (15)

Важниот разговор помеѓу Ветерот и Детето (14)

Доста време помина откако се преселија во нивниот нов дом. Доволно долго за да се зближат и барем кај детето да се развие чувство дека го знае Ветерот отсекогаш. Од друга страна пак, Ветерот беше задоволен што можеше да му помогне зошто го исполни главниот дел од мисијата. Доколку не му помогнеше нему, ќе требаше … Продолжи со читање Важниот разговор помеѓу Ветерот и Детето (14)

Кога недостигаат оние кои ги нема (13)

После појадокот Ветерот сакаше да одмори накратко, а Детето немаше идеја што би можело да прави, зошто не беше навикнато да има толку добар и топол појадок ова време најчесто беше на улица и чекаше некој да му фрли некој денар. Кога виде дека Ветерот задремал на удобната фотелја, седна на креветот од спротивната страна, … Продолжи со читање Кога недостигаат оние кои ги нема (13)

Добрите дела се паметат вечно (12)

После вкусната вечера со полни стомаци двајцата потонаа во длабок сон. Детето првпат спиеше во толку мека и топла постела, со покрив над глава и заштитен од секаква опасност која можеше да му се закани...Никогаш не спиел ниту послатко, ниту подолго. Ова му беше полнење на батериите до максимум и надополнување на сите половично проспиени … Продолжи со читање Добрите дела се паметат вечно (12)

Историско патување и претворање од ветер во човек (11)

Дали ќе посака никогаш да не се врати таму од каде што дојде? И дали ќе постои нешто што би можело да го задржи тука засекогаш? Дали ќе може да ги прекрши сите правила и да остане во човечка форма засекогаш? Дали ќе вреди тоа на таа возраст? Беше речиси на околу шеесетина човечки години, … Продолжи со читање Историско патување и претворање од ветер во човек (11)

Грижливиот Ветер (10)

Кога зачекори во новиот дом Детето кое претходно немаше почувствувано таква топлина го совладаа емоциите и не знаеше на каков начин да ја изрази радоста. Му се фрли во прегратка на Ветерот кој пак не беше навикнат на прегрнување, а Детето го прегрна два пати во два дена. „Можеби и овде не било така лошо, … Продолжи со читање Грижливиот Ветер (10)

Нов живот (9)

Штом ги направија првите чекори надвор од болницата, Детето не знаеше кон каде се упатени тој и Ветерот. Можеше само да му верува иако имаше потполно право да се плаши да има доверба во луѓето зошто никогаш во целиот негов живот не се потпирало на никого, не зависело од никого, улицата како негов дом уште … Продолжи со читање Нов живот (9)

Животен пресврт (8)

Штом ги отвори очите детето погледна низ прозорецот зошто креветот на кој лежеше беше свртен токму во таа насока и виде дека во дворот веќе почнале лисјата да паѓаат и да ги позлатуваат зелените килими. Се прашуваше колку време поминало откако заспа, и дали Ветерот сѐ уште го чека како што му вети. Тогаш во … Продолжи со читање Животен пресврт (8)