Таа – Петре М. Андреевски

Повелете чуете го рециталот за денес. https://youtu.be/jYbmAw4OWsE

Advertisements

Дете заспано крај Езеро – Блаже Конески (рецитал)

Рециталот е прикачен на youtube каналот. Прочитајте и воедно чуете што подготвиме за денес. „Дете заспано крај Езеро“ од единствениот Блаже Конески. Пријатно читање/слушање! https://youtu.be/6WK-Fk4FcoA

Сонет – Гане Тодоровски

https://www.youtube.com/watch?v=g5ek7K3WKm8&feature=youtu.be Можеби си спомен, нечујно што минал Низ моите мечти, оставајќи трага? Можеби си зборот јас што сум го скинал Од усните свои, низ насмевка блага? Можеби си сенка што во ноќта сина Одмина без “збогум“, недофатена, драга Или: крик на страдник безгласно што зинал. Или: лик на свидна, неплакана тага? Остани за навек Моја, … Продолжи со читање Сонет – Гане Тодоровски

Летување – Петре М. Андреевски

https://youtu.be/3pwcZZmNSfY Таа ce појавуваше од секаде и ги соединуваше бродовите со морето, морето со копното. На летните спијачи им пушташе бубачка во сонот и тие од тој ден почнуваа да живеат со телата дома, a co главите покрај морето. Ако кажеше нешто требаше сите напамет да ги учат нејзините зборови, оти во нејзиниот глас можеше … Продолжи со читање Летување – Петре М. Андреевски

Ѕвездата само во ѕвезда ќе ја најдеш – Радован Павловски

https://www.youtube.com/watch?v=HhD1HxYtkAw Излезена од бисерот на школка Морска ѕвезда осветлува пловидба. Станав тело на својата мисла. Пат меѓу ѕвезди првпат Исправен во времето ќе останам. И ако ме побараат полегнатите Во сонот лек да најдат Тогаш некое заборавено време Ќе проговори И еден заборавен народ По заборавени патишта ќе се крене И ќе ги побара своите … Продолжи со читање Ѕвездата само во ѕвезда ќе ја најдеш – Радован Павловски

Облак – Ацо Шопов (рецитација)

(Кликнете subscribe на youtube каналот доколку сакате да бидете во тек со новите рецитации) https://www.youtube.com/watch?v=Cu0ig64Fy5E&feature=youtu.be „Слеј се со тишината“ (1955)

Душа – Јован М. Миноски (рецитација)

  https://soundcloud.com/lightnessindarkness/dushasoul-ovan-m-minoskijovan-m-minoski ДУША Од памук белина, удавена во капка солза чиста, голтка небесна синевина, виножито кај се напива плете древна нитка. На гради машки легната, суви дланки и подзглавје, покров ѝ е квечерина, заспана како млада невеста на ругузина. Од бигор рана свената, од рака недопрена, од мисла тешка откорната. Осудена да самува,  во мрачна … Продолжи со читање Душа – Јован М. Миноски (рецитација)

Elle – Анамарија Наумовска (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/elletaa-anamaria-naumovskaanamarija-naumovska Пријатно слушање! Преживеан догматизам, претопување до најмал остаток, немоќ за ширината на синило и никогаш прашина, само премин на струјно треперење и тогаш кога дозна дека немаш крилја секое струјно пулсирање го поместуваше сѐ она што останало помеѓу порите, онаму каде се храни, и излегува бунтовноста, како последен облик на опстанок. Се смеев во … Продолжи со читање Elle – Анамарија Наумовска (рецитација)

Поле од памук – Наталија Наумовска (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/pole-od-pamukcotton-field-natalia-naumovska Чекорам по памук на меки полјани од бели пердуви, каде се среќаваме во мислите, и избледуваме за миг. Памукот од усните помек не е, ни поголем од жедта која во нив се крие, ни посладок од бакнеж на чело за добра ноќ кој шепоти тивки и нежни приспивни песни. Чекорам по памук, помек и … Продолжи со читање Поле од памук – Наталија Наумовска (рецитација)

Неслучена

Не многу одамна плашливите очи заедно со збунетоста проткаена со изненаденост, го оттурнуваа од нејзе како што баскетот се одбива од земјата, секој негов обид да ѝ се приближи го правеше уште подалечен. Оклопот чиниш кора од дрво го облекла врз себе, ги потиснала зраците на душата без да ги чуе дека во себе врескаат … Продолжи со читање Неслучена

Парадокс – Наталија Наумовска (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/paradoksparadoks-natalia-naumovskanatalija-naumovska Во прозорец од среќа ѕиркаме, а собата облеана со мрак, дење се обидуваме да се смееме, ноќе се обидуваме да не плачеме. Со далгите на ветрот се бориме, низ разбранувано море пловиме, едрата сме ги распнале, а почнуваме да тонеме. Заборавот не го испраќаме како сонот што не ја напушта мечтата, како зборот што … Продолжи со читање Парадокс – Наталија Наумовска (рецитација)

Аура – Наталија Наумовска (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/auraaura-natalia-naumovskanatalija-naumovska Во местото каде стоиш се преплетуваат туѓите очи со лакомост ти го впиваат ликот чиниш си споменик неподвижен, недофатен, грандиозен. Носиш кокичиња во џебови и раце полни безгранични светови кои нудат прибежиште, даруваат нежност, мила, свилена, потребна. Во местата каде одиш се распостилаат твои траги што ненамерно ги оставаш со секое твое движење природно, … Продолжи со читање Аура – Наталија Наумовска (рецитација)

Говорот на дрвото – Матеја Матевски (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/govorot-na-drvoto-matea-matevski Она дрво на ридот со погледот кон сонцето што стреми и грлото во облакот и мракот не збори за себе Тоа шепоти нешто само со корењето свои со сенката кон земјата наведната свидетел на немото време покрај него што минува Стои понеуко така од раѓањето свое не го познава зборот да му ја прими … Продолжи со читање Говорот на дрвото – Матеја Матевски (рецитација)

Утре -Ацо Шопов (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/utreutretomorrow-atso-shopov-aco-shopov Да, се мина веќе и свршено сѐ е. Сѐ ко молња денес згасна во темнината. Па сега сум море каде пустош тлее и солза сум само в зеница истината. Можеби за болот друго срце треба и тагата да е лач на месечината, можеби јас нема да се најдам себе, можеби ... Но, слеј се, … Продолжи со читање Утре -Ацо Шопов (рецитација)

Раце (II) – Гане Тодоровски (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/ratse-ii-hands-ii-gane-todorovski-gane-todorovski Едни раце две земаа кал и Адам направија, а потоа! за да се доречат згрешија Ева! Едни раце две со својот потпис смрт некому навестија, а потоа! дома, со часови на детето занимавки му цртаа, по обравче го галеа! Едни раце две службено јамка врз вратот на еден, зошто да не и невин, ставија … Продолжи со читање Раце (II) – Гане Тодоровски (рецитација)

Раце (I) – Гане Тодоровски (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/ratsehands-gane-todorovskigane-todorovski Рацеве делнични, рацеве добри, нерамнини од желби неожетвени, толку се напати топли, толку трпеливи, тиа кинатица родна, тие ветување, тие доброносно поле, тие страхување, толку се стежнати можење и неможење рацеве дарени за добрување. Еднипати се ластинки, повит се што нѐмами кон ненаши височини -  Колку сме кутрите тогаш сами, колку во немоќта срамливи! … Продолжи со читање Раце (I) – Гане Тодоровски (рецитација)

Ти не си секогаш таков – Ацо Шопов (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/aco-sopov-shopov-ti-ne-si-sekogash-takovti-ne-si-sekogas-takov Пријателе, знам, ти не си секогаш таков, и не се такви сите твои есени. Тажно е да зборуваш осамен во мракот за своите радости однесени. Тажно е да копнееш за една средба само кога ти е животот бескрајно патување, галеби да носиш на своето рамо a да не гo чуеш нивното милување. Тажно е … Продолжи со читање Ти не си секогаш таков – Ацо Шопов (рецитација)