Чуваш ли ти еден куфер со сни?

Чуваш ли ти еден куфер со сни, малку сјај за утре, една капка надеж за подобро утреза добра вечери магично утро?Чуваш ли ти еден куфер со сни,малку сјај за утре,една капка надеждека ќе се будиме заедно?http://www.youtube.com/watch?v=Sc6aL28tt8g

Празни зборови

Се сеќаваш кога првпат погледите ни се споија? Се сеќаваш ли кога затреперив во твојата прегратка сакајќи вечно да траеме? Се сеќаваш на мигот кога за прв пат усните ни се споија и станавме едно? Добро се сеќавам кога ми ветуваше дека ќе испишеме цели романи кои за да ги дочиташ ќе ти требаат два … Продолжи со читање Празни зборови

Ледена кралица

Ладниот израз на лицето ги плашеше другите Делуваше студено и далечно Тој се плашеше да и пријде за да не биде отфрлен Нејзината навидум ладна страна ги оттргнуваше момците од неа А што ли се криеше позади тој скаменет израз кој зрачеше со сериозност и ладнокрвност.... Тоа само таа го знаеше, дефинитвно имаше нешто позади … Продолжи со читање Ледена кралица

За мојот роден крај

Добро, кога конечно имам место каде да ги изнесам моите ставови за моменталната ситуација во државава, ќе ја искористам таа прилика. Последното нешто што беше акутелно во нашава ни скромна држава, беа ни повеќе ни помалку - актуелните избори! И да не сакаш да се замараш и занимаваш со политика, тоа е неизбежно, буквално политиката … Продолжи со читање За мојот роден крај

Живот

Скапоцен дар кој ти го поклонуваат без да те прашаат дали сакаш да пристигнеш на овој свет.Исполнет со патишта на кои има пречки за да се сопнеш, а треба да научиш да ги прескокаш или барем да ги заобиколиш ако сакаш да продолжиш понатаму...Паѓаш, стануваш, се смееш, плачеш. се надеваш, чекориш, но дали е тоа … Продолжи со читање Живот

Очи

‘’Погледај ме во очи, за да ја разбереш мојата болка.”Ако сакаш да знаеш како се чувствувам моментално, само ѕирни ми подлабоко во нив и ќе се задлабочиш во длабочината на мојата душа.Ќе ти кажат многу, но во исто време и ништо, прозорци на душата кои кријат многу спомени. Видици на светот, без нив си празен … Продолжи со читање Очи

Тишина

ТишинаТаа, наједоноставната, а во исто време и најкомплицираната девојка што тој ја беше запознал му ги обзеде мислите, секое утро се будеше со нејзиниот лик, а заспиваше со помислата: "колку сакам да ја имам". Девојката што беше причината за тој да се чувствува беспомошен, а во исто време и силен како карпа кога ќе ја … Продолжи со читање Тишина

Вртелешка

- Умот да ти се заврти од таа вртелешка. Животoт ни е една вртелешка, мудро заклучив. Одејќи низ паркот, здогледав една клупа на која седнав, го извадив дневникот и почнав да пишувам: 2.2.2013 година, седам во паркот Парк во близина на Рингишпилот. Насекаде околу мене гледам луѓе, мајки и татковци коишто ги шетаат своите деца … Продолжи со читање Вртелешка