Немој да се плашиш од љубовта

Паметиш кога беше плашлива и несигурна? Се сеќаваш ли колку збунето делуваше кога некој ќе ти се приближеше и ќе ти поклонеше неочекувано внимание и наклонетост, а ти како исплашено глувче кое го брка мачор се повлекуваше во твојата школка? И уште се скриваш во школка понекогаш... Но, не си повеќе исплашено глувче, збунето и … Продолжи со читање Немој да се плашиш од љубовта

Учи(ш) додека си жив

Септември отсекогаш ме асоцирало на завршување на распуст и почеток на школо. Први септември бил датум кој истовремено предизвикувал и возбуда, но и жал за летото што поминало и за слободните денови каде не го слушаш училишното ѕвонче. Веќе подолго време не го слушам тоа ѕвонче што означуваше почеток и крај на школскиот час. Првате … Продолжи со читање Учи(ш) додека си жив

Добрите дела се паметат вечно (12)

После вкусната вечера со полни стомаци двајцата потонаа во длабок сон. Детето првпат спиеше во толку мека и топла постела, со покрив над глава и заштитен од секаква опасност која можеше да му се закани...Никогаш не спиел ниту послатко, ниту подолго. Ова му беше полнење на батериите до максимум и надополнување на сите половично проспиени … Продолжи со читање Добрите дела се паметат вечно (12)

Среќен ден на книгата!

Сакај ја книгата, сакај го пишаниот збор! Само тој што чита може да ја разбере љубовта кон книгите! Секоја книга има своја приказна, свое минато, свој почеток и крај. Да не дозволиме денешната напредна технологија да го уништи пишаниот збор или да ја намали неговата вредност. Книгите да не се заменуваат со компјутери, затоа што … Продолжи со читање Среќен ден на книгата!

Нов живот (9)

Штом ги направија првите чекори надвор од болницата, Детето не знаеше кон каде се упатени тој и Ветерот. Можеше само да му верува иако имаше потполно право да се плаши да има доверба во луѓето зошто никогаш во целиот негов живот не се потпирало на никого, не зависело од никого, улицата како негов дом уште … Продолжи со читање Нов живот (9)

„Другата“ – Марија Лозаноска

Роман со кој ќе помислиш дека барем за миг си се нашол на лондонските улици и дека шеташ по истите заедно со Ненси, девојка која на почеток е сето она што се спротивставува на „совршеното“, со ниска самодоверба, намалено себепочитување, во потрага по работа и тешкотија да го задржи било кое работно место... Лошиот однос … Продолжи со читање „Другата“ – Марија Лозаноска

Четири начини на кои книжевноста влијае на нашиот живот

Дали и вам ви е познато чувството кога на училиште мораше да прочитате задолжителна лектира? Некој роман од 19 век кој ви се чинеше непотребен, наспроти вистинскиот живот кој се случува некаде надвор. Ако го читате овој текст, веројатно одамна го надминавте сомнежот во вредноста и важноста на книжевноста. Сепак, и тие кои не се … Продолжи со читање Четири начини на кои книжевноста влијае на нашиот живот

Апстрактна димензија

Лежам на постела од бел памук и го слушам отчукувањето на овој вулкан кој гори веќе цели две декади и три години, и со секое отчукување издишувам по некој спомен, и се прашувам што ли следно ќе вдишувам. Ноќите што биле заменети за ден заборавиле дека се темни, деновите мислат ја победиле ноќта, а таа … Продолжи со читање Апстрактна димензија

Од денес сум човек

Не ми досадувај, ледена апстракцијо“ - реков. Ми го помести праменот од косата кој ме невираше сѐ додека не ја променив позицијата на она во кое се наоѓаше причината што ме донела тука. А, што бев? Само роб на оној чиј цел механизам на помрднување на нозеве му го препишувам нему. А, јас, јас само … Продолжи со читање Од денес сум човек

„Норвешка шума“ – Харуки Мураками

Кога ќе ја чуе песната на Битлси (патем насловот на книгата е и името на песната), Тору Ватанабе се сеќава на својата прва љубов, Наоко, девојката на неговиот најдобар пријател Кизуки. Истиот миг во мислите се враќа во минатото, кога пред речиси дваесет години ги минувал студентските денови во Токио, загубен во свет на тегобни … Продолжи со читање „Норвешка шума“ – Харуки Мураками

Букви и прегратки

Зборови, чиниш ќе те отрујат ако не се соодветно искажани, а буквите чекаат да бидат правилно наредени по оној редослед кој вика дека зборовите и хартијата ќе водат љубов додека прстите ти создаваат цели светови, исто како што една прегратка за некого може да биде цел свет. Ладно е, и зборот може да ти ја … Продолжи со читање Букви и прегратки

„Вероника реши да умре“ – Пауло Коејло

Книгава ја прочитав пред некои 4 години, а таа ме натера да посакам да ги прочитам сите останати од Коелјо. Ми се допаѓа неговиот начин на пишување затоа што наоѓам сличности со мојот. Пауло е еден од најпознатите писатели во светот и неговите книги се преведувани на 59 јазика на сите континенти (желба на секој … Продолжи со читање „Вероника реши да умре“ – Пауло Коејло

Писмото на Буковски до човекот кој му помогнал да стане писател

Како и повеќето други славни автори кои некогаш имале обични работни места, и Чарлс Буковски работел на различни работни места пред да стане писател. Во текот на неговите триесетти, тој станал поштар за американската пошта. И покрај тоа што подоцна тврдел дека нитуедна професија не може да ја ограничи страста и да застане на патот … Продолжи со читање Писмото на Буковски до човекот кој му помогнал да стане писател

Два спротивни света од кои едниот е полн со зло, а другиот е во нас

Кога за последен пат огромна желба ти беше да царува мирот и сите зли работи да престанат? Многу често си го посакуваш тоа, нели? Па како да не си го посакаш кога секојдневно се соочуваме со некоја природна и неприродна катастрофа од огромни размери. Овде не мислам на земјотреси, цунами и вулкани и слично, во … Продолжи со читање Два спротивни света од кои едниот е полн со зло, а другиот е во нас

Злосторство и казна – Фјодор М. Достоевски

Еден од главните ликови во руската книжевност – Фјодор М. Достоевски во „Злосторство и казна“ патем едно од неговите најзначајните дела, во книжевен облик ги претставува човечкото страдање, темните страни на човечкото суштество и неговите патолошки облици, постоењето на доброто и злото во човекот како две спротивставености. Ја опишува човечката психа со сите нејзини кризи … Продолжи со читање Злосторство и казна – Фјодор М. Достоевски

Не се плаши да ја сакаш, плаши се да не ја изгубиш!

Лежиш во топла соба слушајќи ги звуците на џез мелодијата додека дождот надвор ѝ објавува војна на земјата , а ти ги слушаш само мелодиите кои те потсетуваат на неа... „Војна и мир е љубовта“, слушна во една песна, и не можеше повеќе да се согласи околу ова. Само те молам, немој да ѝ предизвикуваш … Продолжи со читање Не се плаши да ја сакаш, плаши се да не ја изгубиш!