Заминувањето на големиот Ветер во нови авантури (16)

Преостанатите два дена беа исполнети со многу активности, запознавање на градинарот и Детето, и прошетките на сите тројца беше совршена прилика Ветерот и Детето да ги поминат заедно преостанатите часови пред разделбата, а градинарот да се зближи со него за да им биде попријатно во првите денови додека се навикнуваат на заедничкото живеење. Од нивното … Продолжи со читање Заминувањето на големиот Ветер во нови авантури (16)

Последните денови на Ветерот на првото патување (15)

Следните денови поминуваа многу брзо. Ветерот се обидуваше да го научи Детето да чита на различни начини кои му паѓаа на памет и со помош на кои тој учеше да чита претходно. Откако Ветерот му кажа дека добил во наследство пари кои ќе може да ги троши додека е жив, тоа никогаш повеќе не го … Продолжи со читање Последните денови на Ветерот на првото патување (15)

Важниот разговор помеѓу Ветерот и Детето (14)

Доста време помина откако се преселија во нивниот нов дом. Доволно долго за да се зближат и барем кај детето да се развие чувство дека го знае Ветерот отсекогаш. Од друга страна пак, Ветерот беше задоволен што можеше да му помогне зошто го исполни главниот дел од мисијата. Доколку не му помогнеше нему, ќе требаше … Продолжи со читање Важниот разговор помеѓу Ветерот и Детето (14)

Добрите дела се паметат вечно (12)

После вкусната вечера со полни стомаци двајцата потонаа во длабок сон. Детето првпат спиеше во толку мека и топла постела, со покрив над глава и заштитен од секаква опасност која можеше да му се закани...Никогаш не спиел ниту послатко, ниту подолго. Ова му беше полнење на батериите до максимум и надополнување на сите половично проспиени … Продолжи со читање Добрите дела се паметат вечно (12)

Грижливиот Ветер (10)

Кога зачекори во новиот дом Детето кое претходно немаше почувствувано таква топлина го совладаа емоциите и не знаеше на каков начин да ја изрази радоста. Му се фрли во прегратка на Ветерот кој пак не беше навикнат на прегрнување, а Детето го прегрна два пати во два дена. „Можеби и овде не било така лошо, … Продолжи со читање Грижливиот Ветер (10)

Нов живот (9)

Штом ги направија првите чекори надвор од болницата, Детето не знаеше кон каде се упатени тој и Ветерот. Можеше само да му верува иако имаше потполно право да се плаши да има доверба во луѓето зошто никогаш во целиот негов живот не се потпирало на никого, не зависело од никого, улицата како негов дом уште … Продолжи со читање Нов живот (9)

Животен пресврт (8)

Штом ги отвори очите детето погледна низ прозорецот зошто креветот на кој лежеше беше свртен токму во таа насока и виде дека во дворот веќе почнале лисјата да паѓаат и да ги позлатуваат зелените килими. Се прашуваше колку време поминало откако заспа, и дали Ветерот сѐ уште го чека како што му вети. Тогаш во … Продолжи со читање Животен пресврт (8)

Радоста на детето (7)

Му пристапи во собата и му објасни дека тој повикал помош и го донел тука каде што е. Детето беше многу изненадено што некој воопшто се грижи за него, зошто откако татко му и мајка му починаа од бронхитис претходната зима, едниот од браќата го згази кола, а другиот се удави во река, тоа ретко … Продолжи со читање Радоста на детето (7)

10-те најстрашни книги од Стивен Кинг по чие читање нема да можете да заспиете

Самото име Стивен Кинг веднаш се поврзува со хорор, но навистина не е лесно да се одберат неговите најстрашни ремек-дела. Кинг го заслужил своето место во светот на ужасот кога ја објавил познатата „Кери“ (Carrie) во 1974 година. Додека оваа книга била адаптирана за филмското платно, Кинг веќе го објавил новиот роман „Судбината на Ерусалим“ … Продолжи со читање 10-те најстрашни книги од Стивен Кинг по чие читање нема да можете да заспиете