Апстрактна димензија

Лежам на постела од бел памук и го слушам отчукувањето на овој вулкан кој гори веќе цели две декади и три години, и со секое отчукување издишувам по некој спомен, и се прашувам што ли следно ќе вдишувам. Ноќите што биле заменети за ден заборавиле дека се темни, деновите мислат ја победиле ноќта, а таа … Продолжи со читање Апстрактна димензија

Разговор помеѓу сонот и јавето

Јавето: Ох, колку сакам кога поради мене луѓето не можат да заспијат затоа што сум им поубаво од тебе! Сонот: Не заборавај дека некогаш едвај чекаат да потонат во мене за да заборават на тебе барем неколку часа. Јавето: И што, тоа не те прави поубав од мене. Сонот: Не се ни трудам да бидам … Продолжи со читање Разговор помеѓу сонот и јавето

Убаво е кога…

Убаво е кога после напорниот ден има некој што те чека да се вратиш дома и да му раскажеш што ти се случувало во текот на денот. Убаво е кога си во целосна хармонија со себе и знаеш дека не ти треба многу за да бидеш задоволен. Убаво е кога ти се исполнуваат желбите што … Продолжи со читање Убаво е кога…

Записите за Џозефина (88)

  Златен ден со бисери осветлен, со убава мисла почнат, со насмевки збогатен, со златни сни обоен. Секој нејзин ден нов предизвик, со широко отворени раце пречекан, секој нејзин ден нова шанса, со промислена одлука прифатена. Секоја нејзина солза, со негови прсти избришана секоја нејзина насмевка со негови усни покриена. Секоја нејзина победа со пот … Продолжи со читање Записите за Џозефина (88)

По(беда)раз

Во чемерот на ноќта утрото ја носи вистината и лекува и солза пресушува. Во далгите на денот ти го носиш спокојот со чисто срце со смирен поглед. Скриен од светот, а од себе не, скриен од зло но, не имун на него. Скриен од светот во голема крошна, засолнат, но, не и безбеден. Ти си … Продолжи со читање По(беда)раз

„Записите за Џозефина (75)“

Сонуваше како еден бел како снег гулаб ѝ слета на рамо. Почна да се врти околу неа. Тогаш истури силен дожд. Гулабот летна и Џозефина го изгуби од видот. Целата намокрена зачекори во градина со рози. Трчаше низ цвеќињата со намокрена коса. Одеднаш дождот престана. Џозефина почна силно да се смее. И тогаш се разбуди. … Продолжи со читање „Записите за Џозефина (75)“