Разговор помеѓу болката и лекот

Ведран го болеше забот. Додека чекаше да му помине болката мајка му го убедуваше да го однесе на заболекар, но тој одбиваше и бараше лек кој ќе му ја отстрани или намали болката. После дваесет години Ведран повторно чувствуваше болка, но сега не го болеше забот. Срцето му беше скршено од болка, а за тоа … Продолжи со читање Разговор помеѓу болката и лекот

Advertisements

Леден здив

Погледот ѝ беше некаде залутан, истовремено и ладен и отсутен. Што ли ѝ се плеткаше во мислите тој ден, на што ли размислуваше и што посакуваше никој не можеше да претпостави. Изморена од животот и од сè што ја опкружуваше реши дека ѝ е потребен ресет. Мораше да смисли начин кој ќе ѝ го овозможи … Продолжи со читање Леден здив

Разговор помеѓу војната и мирот

Војната и Мирот решиле да се сретнат после долго време. Претходно не можеле да се затекнат на исто место во исто време, но денешната бура во главата на Војдан ги натера да седнат и да разговараат. Таа беше силна, бучна, опасна, лоша, злобна и секој грд епитет што можеш да го замислиш, потполно спротивна од … Продолжи со читање Разговор помеѓу војната и мирот

Дедото што ги мери улиците

Погледнав низ прозор. Времето е потопло и сонцето се надвиснало во облаците како да сака да ни каже – смејте се и радувајте ми се. Како да  е виновно и за зголеменото расположение и хармонијата која се чувствува во воздухот. Само што завршив со бришење на прашината повторно погледнав низ прозор. Видов болна глетка, борба … Продолжи со читање Дедото што ги мери улиците

Облици

Постоењето на континуираност е најголемата неконтинуираност низ опус од чекори што нe по некоја случајност го нарекуваме стварност, а таа не е она што прво се отклонува од предметот за да го опфати нашиот видик, тоа треба да е она кое само ти го гледаш, затоа што за да емитираш позитивни идеи треба да апсорбираш, … Продолжи со читање Облици

Патот до галеријата

Чекорејќи по патот во таа ладна ноемвриска вечер се обидував да ја пронајдам галериајта што требаше да ја посетам. Местото го посетував првпат, сè ми беше непознато и едвај чекав да го проучам и разгледам целиот град. Сите случајни минувачи кои ги прашав како да стигнам до галеријата не можеа точно да ми ги објаснат … Продолжи со читање Патот до галеријата

Немој да се плашиш од љубовта

Паметиш кога беше плашлива и несигурна? Се сеќаваш ли колку збунето делуваше кога некој ќе ти се приближеше и ќе ти поклонеше неочекувано внимание и наклонетост, а ти како исплашено глувче кое го брка мачор се повлекуваше во твојата школка? И уште се скриваш во школка понекогаш... Но, не си повеќе исплашено глувче, збунето и … Продолжи со читање Немој да се плашиш од љубовта

Разговор помеѓу тагата и среќата

Беше доцна во ноќта кога Тагата посака да најде одговори на некои прашања кои ја измачуваа долго време. Тогаш одлучи дека ќе ѝ се обрати на Среќата и се надеваше дека ќе го дознае тоа што треба. Тагата: Зошто си толку спротивна на мене? Среќата не беше изненадена од ова прашање затоа што сите кои … Продолжи со читање Разговор помеѓу тагата и среќата

Разговор помеѓу човекот и стравот

Човекот: „Навистина, може ли да ми објасниш зошто си ме спречувал да направам многу работи?“ Стравот: „Јас ништо не сум спречувал, ти самиот си се спречувал“. Човекот: „Да не беше ти, немаше Вила да не знае дека ја посакувам долго време иако е во долга врска, немаше да ме спречуваш да ѝ го плеснам тоа … Продолжи со читање Разговор помеѓу човекот и стравот

Најубава си кога се смееш

„Многу убава насмевка имаш“, еднаш ѝ  рече. „А, јас убава ли сум ти?“, му рече. „И кога се мрштиш подеднакво си убава“, ѝ одговори. Секогаш знаеше да ѝ измами насмевка, можеби затоа што ја обожаваше кога се смее. И сега се насмевна и кај него предизвика восхит што ја насмевнал чиниш освоил трофеј на лига … Продолжи со читање Најубава си кога се смееш

Апсурдот е победен!

Размислувајќи се сепнав кога сфатив дека промената не започнува кога си подготвен, туку започнува кога си во неа. Најлошо што може да се случи е доколку за тоа што си станал свесен вчера, денес толку длабоко го проучуваш како да опстанокот ти зависи од резонирањето на сè што дало тлото благодарение на човека или природата. … Продолжи со читање Апсурдот е победен!

Еднорог во светот

Се појавив и со механичко отчукување и како електромагнетен бран. И битие и привидение, а се напојував со црвенило кое вели животот е сладок, но доволно просечен за да стане монотонија. Моето битисување презираше сѐ, од принцип до критика, а живеев од нив. Живеев од сѐ што мразев, само за да љубам. Механизацијата на реалноста … Продолжи со читање Еднорог во светот

Трпение

„Мислам дека треба да ме посетуваш многу повеќе“, му рече Ноа на Трпението кога веќе му беше здодевно чекајќи ги резултатите од анализата. „Зошто мислиш дека ако јас те посетам ќе ги добиеш побрзо?“, го праша Трпението. „Мислиш дека вака ми помагаш, мразам да сум во ваква неизвесност!“, му се развика Ноа. „Зошто мислиш дека … Продолжи со читање Трпение

Апстрактна димензија

Лежам на постела од бел памук и го слушам отчукувањето на овој вулкан кој гори веќе цели две декади и три години, и со секое отчукување издишувам по некој спомен, и се прашувам што ли следно ќе вдишувам. Ноќите што биле заменети за ден заборавиле дека се темни, деновите мислат ја победиле ноќта, а таа … Продолжи со читање Апстрактна димензија

Од денес сум човек

Не ми досадувај, ледена апстракцијо“ - реков. Ми го помести праменот од косата кој ме невираше сѐ додека не ја променив позицијата на она во кое се наоѓаше причината што ме донела тука. А, што бев? Само роб на оној чиј цел механизам на помрднување на нозеве му го препишувам нему. А, јас, јас само … Продолжи со читање Од денес сум човек

Букви и прегратки

Зборови, чиниш ќе те отрујат ако не се соодветно искажани, а буквите чекаат да бидат правилно наредени по оној редослед кој вика дека зборовите и хартијата ќе водат љубов додека прстите ти создаваат цели светови, исто како што една прегратка за некого може да биде цел свет. Ладно е, и зборот може да ти ја … Продолжи со читање Букви и прегратки

Приказната која заврши уште пред да почне

Ја гледаш таква насмеана покрај друг и сфаќаш дека ти си можел да бидеш покрај неа на негово место. Знаеш дека згреши. И никогаш нема да си опростиш. Затоа што не ја искористи шансата да го направиш чекорот за кој ти беше потребно многу малку. И знам дека се плашеше. Знам дека многу прашања те … Продолжи со читање Приказната која заврши уште пред да почне