Скрши ја илузијата

Создадена од слики, мисли и сцени очекувања и надежи милиони треба да се скрши како стаклена чаша празна од штотуку испиено црвено вино. Затвара очи и уши од усни немо зборува, лажни невистини и вистински лаги, таа проклета крадачка на реалноста. Создадена од песни, спомени и ноти во вид на безгласна музика што пара уши … Продолжи со читање Скрши ја илузијата

Пушти ја

Ако не се гледаш со нејзе после пет години од сега, пушти ја, некој умира за да ја дочека староста заедно со неа. Ако не те радува кога се смее, не ја заслужуваш, некој би се претворил во кловн само да ја гледа насмеана. Ако не можеш да ѝ поклониш време, пушти ја, некој би … Продолжи со читање Пушти ја

Текот на реката

Шаренило во црно-бел свет. Сивило во обоен живот. Солза од радост и насмевка низ болка, две моќни оружја. Живот тече како река, ќе се удавиш ако не научиш да пливаш. Река тече како живот, не можеш да ја запреш, а сепак умира. Умрени се и оние што се живи, а умрените се поживи од нив. … Продолжи со читање Текот на реката

Најтажната песна на светот

Душава што ја пее и убива оваа тага во себе што ја сокрива, и темнина што ја покрива, и пак наутро во весела се преоблекува. Ноти што не се свират, в срце длабоко продираат, оган и вулкан запалуваат, ноти што не се допеваат. Душава што пее, никој не испеал, скромни песни од солзи и чемер … Продолжи со читање Најтажната песна на светот

Скриена вистина

Влези во одајата на тајните, не ќе чуеш ниедна лага, не ќе видиш ниедна вистина, ќе видиш едно срце заробено во ковчег кое не заборавило да чука, клуч од ковчегот ќе бараш, а тоа во него крие илјада и една тајна. Во ладната одаја спие мразот сонце не продира, темнината внатре се заробила како господарка … Продолжи со читање Скриена вистина

Стихија

Солзите ја наводнуваа плодната почва, таа се хранеше со солени и врели капки што доаѓаа како солени бранови како стихија, а потоа како затишје после бура. Тоа ти е процес на прочистување од секакви штетници напаѓачи на почвата, за да може да дише, да биде корисна, прочистена, плодна и здрава. Оклоп од железо облечен и … Продолжи со читање Стихија

Повикувам радост

Отвори и слободно влези, Диши длабоко и помисли Ако си ти болка, што сум јас? Јас сум само болка со име, А, не може да се умножиме, Треба да се разбиеме А, кога ќе се скршиме на парчиња Нека не состават и тогаш Ако сме пак болка, Борбата сме ја изгубиле. Од самиот почеток е … Продолжи со читање Повикувам радост

Алелуја

Твојот молк е мој пораз, И кога се губиш во нејзе Што ти преостанува? Имаш нем одговор: Навидум ништо, а сепак сѐ! А, таа без музика ти пее, Ти се обидуваш да ја слушнеш, Ама попусто. Во молкот го имаш Одговорот. Одблесок светлина стигнува во собата, Дошло утрото А, ти буден го пречекуваш. Ја мразиш … Продолжи со читање Алелуја

Душа – Јован М. Миноски (рецитација)

  https://soundcloud.com/lightnessindarkness/dushasoul-ovan-m-minoskijovan-m-minoski ДУША Од памук белина, удавена во капка солза чиста, голтка небесна синевина, виножито кај се напива плете древна нитка. На гради машки легната, суви дланки и подзглавје, покров ѝ е квечерина, заспана како млада невеста на ругузина. Од бигор рана свената, од рака недопрена, од мисла тешка откорната. Осудена да самува,  во мрачна … Продолжи со читање Душа – Јован М. Миноски (рецитација)

Одаја

Одајата во која со катанец ги чуваш, Да не ти избегаат, заклучени Амбисите во кои запаѓаш Јавајќи во сонот Ангели со скршени крилја Никогаш не паѓаат, А, ти секогаш паѓаш на исто место, Тебе амбисот ти е душата А, таа напатена Јамка околу вратот си врзала Небаре немала излез, Излегува на светлина Тогаш, го пронаоѓа … Продолжи со читање Одаја

Неслучена

Не многу одамна плашливите очи заедно со збунетоста проткаена со изненаденост, го оттурнуваа од нејзе како што баскетот се одбива од земјата, секој негов обид да ѝ се приближи го правеше уште подалечен. Оклопот чиниш кора од дрво го облекла врз себе, ги потиснала зраците на душата без да ги чуе дека во себе врескаат … Продолжи со читање Неслучена

Среќен светски ден на поезијата и добредојде на пролетта!

„Поезијата е прозорец отворен кон воодушевувачките разлики на човештвото“ Колку убав ден за означување на светски ден на поезијата - првиот ден од пролетта! Речиси и да нема човек кој не се радува што времето се затоплува и што доаѓа пролет, но за жал истото не можеме да го кажеме дека речиси сите практикуваат да … Продолжи со читање Среќен светски ден на поезијата и добредојде на пролетта!

Аура

Во местото каде стоиш се преплетуваат туѓите очи со лакомост ти го впиваат ликот чиниш си споменик неподвижен, недофатен, грандиозен. Носиш кокичиња во џебови и раце полни безгранични светови кои нудат прибежиште, даруваат нежност, мила, свилена, потребна. Во местата каде одиш се распостилаат твои траги што ненамерно ги оставаш со секое твое движење природно, грациозно, … Продолжи со читање Аура

Парадокс

Во прозорец од среќа ѕиркаме, а собата облеана со мрак, дење се обидуваме да се смееме, ноќе се обидуваме да не плачеме. Со далгите на ветрот се бориме, низ разбранувано море пловиме, едрата сме ги распнале, а почнуваме да тонеме. Заборавот не го испраќаме како сонот што не ја напушта мечтата, како зборот што го … Продолжи со читање Парадокс

Elle

Преживеан догматизам, претопување до најмал остаток, немоќ за ширината на синило и никогаш прашина, само премин на струјно треперење и тогаш кога дозна дека немаш крилја секое струјно пулсирање го поместуваше сѐ она што останало помеѓу порите, онаму каде се храни, и излегува бунтовноста, како последен облик на опстанок. Се смеев во ритамот на твоето … Продолжи со читање Elle

Поле од памук

Чекорам по памук на меки полјани од бели пердуви, каде се среќаваме во мислите, и избледуваме за миг. Памукот од усните помек не е, ни поголем од жедта која во нив се крие, ни посладок од бакнеж на чело за добра ноќ кој шепоти тивки и нежни приспивни песни. Чекорам по памук, помек и од … Продолжи со читање Поле од памук

Бадеми и цели светови

Носиш бадеми и во нив светови како два украси и бели бисери, како огледало во кое себе си се гледаш, како сенка од која нема кај да бегаш. Носиш бадеми и во нив светови цели тајни скриени и недопишани романи, цели вистини недоречени и зборови неискажани цели надежи собрани и неостварени желби. Носиш бадеми и … Продолжи со читање Бадеми и цели светови