Записите за Џозефина (101)

Секој завршеток е почеток на нешто ново, а овој запис за Џозефина е вовед во едно ново поглавје од нејзиниот живот во кој сакаш да бидеш присутен. Низ играта на зборови се запозна со девојката чиј живот го доживеа преку моето раскажување, низ играта на зборови ја запозна Џозефина чие постоење е вистинско или можеби … Продолжи со читање Записите за Џозефина (101)

Записите за Џозефина (100)

Сто причини за да ја сакаш, ниту една да се збогуваш со неа. Сто денови ти требаа за да сфатиш дека не можеш без неа. Сто минути за да ја запознаеш, ниту една да се покаеш што ја знаеш. Сто секунди за да ѝ покажеш колку ти значи, а ти го правиш тоа со само … Продолжи со читање Записите за Џозефина (100)

Записите за Џозефина (99)

Надежта за подобро утро секогаш ѝ спиеше на рамо, желбата за посреќна иднина никогаш нема да ѝ згасне, а таа секој ден се трудеше утрото да ѝ биде подобро од претходното и иднината да си ја направи посветла. Никогаш не знаеш што те чека во потполност, ама знаеш ти што чекаш и што би требало … Продолжи со читање Записите за Џозефина (99)

Записите за Џозефина (97)

Собери ги сите насмевки на светот помножи ги со шесттоцифрени бројки додади ги најубавите желби и подели им ги на најтажните. Ова длабоко го посакуваше. Сакаше да не постојат тажни погледи, солзи, болка и крвопролевање. Мислеше дека со нејзината „мисија“ за откоренување на тагата ќе се решат сите проблеми што постојат и што можат да … Продолжи со читање Записите за Џозефина (97)

Записите за Џозефина (96)

Среќен е тој што ѝ го прати чекорот и неговиот чекор е следен од нејзиниот, среќен е тој што ѝ го чува грбот и што ги вади ножевите од него. Нема посреќна девојка од неа, истовремено и потажна, нема посилна девојка од неа, истовремено и најслаба. Среќен е тој што ги бакнува нејзините усни и … Продолжи со читање Записите за Џозефина (96)

Записите за Џозефина (95)

Не ѝ беше потребна шминка за да изгледа убаво, потребна ѝ беше само добра волја и жед за љубов како и жед за љубов кон животот. Со тие две работи можеше карпи да поместува. И беше семоќна во тој поглед. Во нејзиното битие толку љубов беше збрана, што и за два живота ќе ѝ беше … Продолжи со читање Записите за Џозефина (95)

Записите за Џозефина (94)

На радио одеше нејзината омилена песна. Го зголеми тонот најмногу што можеше. Почна да пее како никој да не можеше да ја слушне. Телото ѝ се движеше во ритамот на нотите, не се грижеше дали некој ја гледа. Повторно ја почувствува детската леснотија. Се чувствуваше жива и олесната. Се наполни со позитивна енергија. Се испразни … Продолжи со читање Записите за Џозефина (94)

Записите за Џозефина (93)

  Утрото носи со себе нови шанси. Ноќта што видела, утрото може само да претпоставува, на што била сведок ноќта утрото никогаш не може да биде. Утрото носи со себе каења, а ноќта е сведок на тоа што претходело, утрото било попаметно од ноќта, затоа и се кае. Џозефина не можеше да се одлучи кое … Продолжи со читање Записите за Џозефина (93)

Записите за Џозефина (92)

Можеби небото знае колку е силна, ако тоа другите не можат да го видат, можеби небото знае колку е осамена, ако таа нема да го признае тоа лесно. Можеби небото знае колку е силна, ако некогаш и сама не е свесна, можеби небото знае колку е осамена ако никогаш не е сама. Можеби небото знае … Продолжи со читање Записите за Џозефина (92)

Записите за Џозефина (91)

  Перото со кое го пишуваше својот роман цврсто го држеше и не го пушташе, перото со кое го пишуваше својот роман беше највредното нешто што го поседуваше. Во романот самата беше главен јунак, ама и други имаа главни улоги, но никогаш не дозволи таа да биде споредена улога. Улогите секогаш ја предизвикуваа, ја тераа … Продолжи со читање Записите за Џозефина (91)

Записите за Џозефина (90)

Две ружи имаше во раката. Едната црвена, а другата црна. Двете беа со боцки. Ги чуваше и ги мирисаше. Се наоѓаше во воз. До неа имаше еден патник. Ликот не можеше да му го види. Патникот цело време молчеше. Не знаеше кон каде е упатена. Ни зошто ги држи ружите во рака. Ни кој ќе … Продолжи со читање Записите за Џозефина (90)

Записите за Џозефина (89)

Во собата со поглед кон море, се криеја тајни кои само вљубените ги знаеја, се криеја воздишки и безброј страсти, макар и во замислената соба која сигурно некаде постои и ги чека нив двајца, за тие да ја напишат нивната историја во неа, и да го насочат погледот кон морето кое сега беше мирно, а … Продолжи со читање Записите за Џозефина (89)

Записите за Џозефина (88)

  Златен ден со бисери осветлен, со убава мисла почнат, со насмевки збогатен, со златни сни обоен. Секој нејзин ден нов предизвик, со широко отворени раце пречекан, секој нејзин ден нова шанса, со промислена одлука прифатена. Секоја нејзина солза, со негови прсти избришана секоја нејзина насмевка со негови усни покриена. Секоја нејзина победа со пот … Продолжи со читање Записите за Џозефина (88)

Записите за Џозефина (87)

Никој не љубеше подобро од неа, никој не беше поупорен од неа, никој не беше посветен повеќе од неа, никој не стоеше на збор како неа. Никој како неа не умееше да сака, никој како неа не умееше да те допре, никој како неа не умееше да те прави жив, никој како неа не умееше … Продолжи со читање Записите за Џозефина (87)

Записите за Џозефина (86)

66   Нескротлив дух кој не знае за одмор, непрекината песна која нема крај, непресушен извор кој не знае за суша, непобеделив борец кој не знае за пораз. Божествен лик со правилни црти, тело како да го вајал највештиот склуптор, бистар ум како да му припаѓа на генијалец, ѝ припаѓаше на Џозефена. И сето тоа … Продолжи со читање Записите за Џозефина (86)

Записите за Џозефина (85)

  Во радоста скриена во нејзините очи ќе ја спознаеш тагата која била присутна претходно, во моќта на нејзините зборови ќе ја препознаеш безначајноста на сѐ останато. Во радоста во нејзините очи ќе ја спознаеш детската искреност, во моќта на нејзините зборови ќе ја препознаеш вредноста на молчењето. Допирајќи ѝ го лицето ќе допреш цели … Продолжи со читање Записите за Џозефина (85)