Облици

Постоењето на континуираност е најголемата неконтинуираност низ опус од чекори што нe по некоја случајност го нарекуваме стварност, а таа не е она што прво се отклонува од предметот за да го опфати нашиот видик, тоа треба да е она кое само ти го гледаш, затоа што за да емитираш позитивни идеи треба да апсорбираш, … Продолжи со читање Облици

Advertisements

Тајна – Блаже Конески (рецитал)

Повеле чуете ја Н.Н. со „Тајна“ од Блаже Конески. https://youtu.be/h50l8d1Yibs

Апсурдот е победен!

Размислувајќи се сепнав кога сфатив дека промената не започнува кога си подготвен, туку започнува кога си во неа. Најлошо што може да се случи е доколку за тоа што си станал свесен вчера, денес толку длабоко го проучуваш како да опстанокот ти зависи од резонирањето на сè што дало тлото благодарение на човека или природата. … Продолжи со читање Апсурдот е победен!

Еднорог во светот

Се појавив и со механичко отчукување и како електромагнетен бран. И битие и привидение, а се напојував со црвенило кое вели животот е сладок, но доволно просечен за да стане монотонија. Моето битисување презираше сѐ, од принцип до критика, а живеев од нив. Живеев од сѐ што мразев, само за да љубам. Механизацијата на реалноста … Продолжи со читање Еднорог во светот

Раце (II) – Гане Тодоровски (рецитација)

https://soundcloud.com/lightnessindarkness/ratse-ii-hands-ii-gane-todorovski-gane-todorovski Едни раце две земаа кал и Адам направија, а потоа! за да се доречат згрешија Ева! Едни раце две со својот потпис смрт некому навестија, а потоа! дома, со часови на детето занимавки му цртаа, по обравче го галеа! Едни раце две службено јамка врз вратот на еден, зошто да не и невин, ставија … Продолжи со читање Раце (II) – Гане Тодоровски (рецитација)

Elle

Преживеан догматизам, претопување до најмал остаток, немоќ за ширината на синило и никогаш прашина, само премин на струјно треперење и тогаш кога дозна дека немаш крилја секое струјно пулсирање го поместуваше сѐ она што останало помеѓу порите, онаму каде се храни, и излегува бунтовноста, како последен облик на опстанок. Се смеев во ритамот на твоето … Продолжи со читање Elle

Од денес сум човек

Не ми досадувај, ледена апстракцијо“ - реков. Ми го помести праменот од косата кој ме невираше сѐ додека не ја променив позицијата на она во кое се наоѓаше причината што ме донела тука. А, што бев? Само роб на оној чиј цел механизам на помрднување на нозеве му го препишувам нему. А, јас, јас само … Продолжи со читање Од денес сум човек

„Нека не знаат“

Што си повеќе од грешник, а помалку од човек? Компилација од  анонимности, чекор до обилност и два до минимум. Ножеви со прекор на врвот. Исповест без покајние. Труло колку и сам тој.  Труло како прекор на ножот, како острина од очи. Како озон, како чад. Еден поглед за да наумиш, еден за да заборавиш. Сила … Продолжи со читање „Нека не знаат“

„Градиш илузија“

Градба од честички, живот на атом. Концепт со хаотичност и конфузија. Пасивна активност со заостанато придвижување. Превез од сомнежи на свет, градени од ништо и не вчера.  Градба на ограничен скулптатор воден од монологот. Спектар со нијанса на една боја иста ко вчера, а различна од утре. Верба во сплет од пишана мисла и нота.  … Продолжи со читање „Градиш илузија“

Велиш битно ти е?

https://i.ytimg.com/vi/bv52Y3laeek/maxresdefault.jpg Реков ми треба поезија, продолжив да пишувам проза. И не беше битно. Па, и рефлексијата во огледало не ја препознав, а сакав. Сакав да се знам, да се знаеме, да нѐ знаат, да им пишуваме, не тие нам. И не беше битно. Само ја попуштив музиката и дозволив да ми ги убие мислите, оти … Продолжи со читање Велиш битно ти е?