Здраво драги наши читатели! Сигурно забележавте дека веќе одреден период не објавуваме содржини на овој блог. Дел од вас кои нè следат на официјалната фб страна знаат за “трансферот“, но дел од вас можеби не дознале. Затоа го пишуваме овој текст, како потсетник да продолжите да нè следите сите на новата „адреса“.
Ниту еден ден не прекинавме да споделуваме нови содржини и да бидеме во контакт со сите вас што ни се обраќате секојдневно на инстаграм и фејсбук.
Следете го нашиот официјален Инстаграм профил, а присутни сме и на Твитер од неодамна.
Ние останавме исти, само се префрливме на друга адреса. Вие проценете дали квалитетот на содржините сме го задржале или сега е уште поголем! 😉
Ви благодариме што сте дел од нашата Крајбрежје заедница и што продолжувате да нè читате. Благодарни сме за сите ваши коментари и начинот на кој ни давате фидбек. Секој поединечен коментар го читаме и го цениме неизмерно. Убедени сме дека правиме промена во вашиот онлајн „свет“, и тука не запираме. Нема да ја изневериме довербата. Секој љубител на пишаниот збор може да си го најде местото кај нашиот блог, нашето Крајбрежје има простор за сите!
Со љубов,
тимот на Крајбрежје ❤
