Повик – Наталија Наумовска

Онаа на која помислуваш
кога си сам,
или кога си зафатен во гужва,
онаа на која прва сакаш да ѝ соопштиш
тажни и среќни вести,
таа истата чијашто дланка
се вклопува одлично во твојата,
како глина во калап,
таа истата во чиишто очи
можеш да си ја видиш иднината,
истата таа постои затоа што постоиш и ти,
истата таа не би постоела
да не постоеше ти.
Онаа која сакаш да е покрај тебе
и кога не си доволно свој,
и кога не ти е до луѓе,
и кога денот тргнал наопаку,
и кога сакаш да си сам, ама до неа,
онаа што ти ја разбира тишината,
и кога таа тишина значи нешто,
и со која празната тишина е уживање,
и чијашто тишина ти е позната,
и со молк кога очите зборуваат
сѐ она што усните не го искажале.
Онаа која ти простува и кога не си заслужил,
онаа која не може да ти биде лута
подолго од десет минути,
онаа која сака да биде дел
од твојот живот каков и да е,
онаа која сакаш да е покрај тебе
и во победи и во порази,
онаа која нема да ти се развика ако ја изнервираш
туку ќе се повлече молкум
а ти тогаш ќе посакаш да ја гушнеш,
онаа која совршено ја разбира
секоја твоја постапка,
и на која нема да ѝ здодееш,
онаа која ќе те пречекува со насмев
и ти е најголема поддршка
каква што си немал претходно.
Онаа со која двајцата меѓусебно ќе се бодрите
за да станете подобра верзија од себе,
но се прифаќате такви какви што сте.
Онаа со која ќе ги бркате соништата
и со која ќе си создадете идеален свет
разбирлив само за вас двајца.
Е таа да ти дојде,
да не посакаш никогаш да ја изгубиш,
и да ја чуваш како капка на дланка
оти ваквата не се повторува,
еднаш е за цел живот.
Повикај ја, може еден ден
ќе ти се исполни.

Автор: Наталија Наумовска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.