Творештвото на Андреевски е разновидно и опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн. Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени дела на Андреевски, во пет и во шест тома, соодветно.
Стихозбирки:
- Јазли (1960)
- И на небо и на земја (1962)
- Дениција (1968)
- Дални наковални (1971)
- Пофалби и поплаки (1975)
- Вечна куќа (1987)
- Лакримариј (1999)
Книги со раскази:
- Седмиот ден (1964)
- Неверни години (1974)
- Сите лица на смртта (1994)
- Боеми (постхумно)
Романи:
- Пиреј (1980)
- Скакулци (1983)
- Небеска Тимјановна (1988)
- Последните селани (1997)
- Тунел (2003)
- Бежанци (постхумно)
Книгата драми (1984), во која влегуваат:
- Време за пеење
- Богунемили
Есеи:
- Сегашно минато време (2006)
Стихозбирки за деца:
- Шарам барам
- Касни порасни (сликовница)
Награди:
Андреевски бил добитник на наградите: ,, 11 Октомври” (во 1968 година), „Браќа Миладиновци“ (два пати), „Рациново признание“ (два пати) и „Стале Попов“ (два пати).Романот “Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, а збирката “Дениција“ ја има означено како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам.
