Некогаш и најсилните личности се чувствуваат исцрпено

Мери Рајт е писателка со повеќе од 10 години искуство. Таа нè потсетува дека и најсилните личности имаат потреба од малку воздишка, во меѓувреме ставајќи акцент на помошта која може да се добие од другите луѓе:

Дури и најсилната личност може да се почувствува исцрпено. Дури и најсилните личности може да се изморат од тоа да водат независен живот, каде постојано се грижат за тие околу нив. Тие се уморни од тоа што сите сметаат на нив, додека тие немаат никој на кој може да сметаат. Тие дури и не можат да кажат дека не можат да направат нешто затоа што се чини дека целиот свет очекува тие да го сторат тоа. Други очекуваат секогаш да бидат во ред и не мислат дека можат сами да имаат проблеми со кои им треба помош.

Дури и на најсилната личност ѝ треба љубов и грижа. Никој не сака да се чувствува осамено. Никој не сака да биде одбиен. Понекогаш дури и најсилните личности не сакаат да бидат херои, барем за миг. Понекогаш им се потребни луѓе за да ги спасат и за да бидат до нив.

Понекогаш и најсилната личност се крши.

Дури и најсилната личност има потреба од пауза. Им треба одмор за да ги наполнат батериите. Тие сепак се луѓе. Сите ние сме луѓе и сите имаме потреба од пауза. Сите ние имаме потреба од помош.

После сè, дури и најсилната личност се уморува од тоа да биде силна, бидејќи тие се немаат родено со таа сила. Тие научиле како е самостојно да се биде силен, соочувајќи се со многу предизвици и потешкотии кога никој не бил до нив за да им подаде рака.

Тие знаат дека не секогаш може да се смета на помошта од другите луѓе и дека мора да бидат силни сами.

Но, сепак. И најсилната личност има потреба од одмор, потреба од малку време…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.