Скриено богатство

Уште има конекција која неописливо се чувствува, а незаборавно остава траги врз душите, нели? Како времето да застанало и ништо да не се променило и по толку години. Истото срцебиење, пеперутките во стомак не само што летаат, туку прават неконтролирани движења сакајќи да кажат: „живи сме, повторно оживуваме, сепак не сме биле засекогаш заспани“. „Секако дека не сте умреле, секогаш дававте знаци дека сте будни, при секоја помисла на него“- им прошепоти тивко. Бродоломите што ги чувствуваше кога ќе го видеше набрзо се претвораа во спокој – како мирно море. Знаеше дека тој е истиот што имаше моќ да ги предизвикува немирите, но и да ги смирува пеперутките во стомакот. Двојна беше неговата улога во нејзиното срце. Тоа пак, толку мало, во него толку љубов собрано колку цела вселена. Со никого не ги чувствуваше овие бранови, никој го немаше овој ефект врз тебе што сега го опишуваше, така? За волја на вистината, мораше да ѝ признае. После толку години знаеше дека нема да се појави друг што ќе го може ова што го можеше тој. За да бидеме попрецизни сето ова беше доживеано платонски, не можеше да замисли како покрај толкавата конекција душите беа разделени, па зарем требаше да се подложат на измачување? Не драга, не беа подложени на измачување, туку на трагање. Мораше двајцата да се уверите дека никој друг не може да ги замени вашите места. После неколку неуспешни обиди сега е време да се разјасни дека ништо не се случувало залудно. Што ако се лажеше себеси и ова беше некој лажен аларм? Не е криминал да се има надеж, макар и да се чувствува таков наивен оптимизам, сепак таа ништо немаше да изгуби. Едноставно се повлече и знаеше да чека. Сакаше првенствено на себе да си разјасни некои работи, но се помири со фактот дека до спој на душите нема да дојде сè додека не се докаже спротивното. Дали беше во право дека и тој ги насетува овие нешта? Дали можеби лажно се надеваше и се измачуваше себеси со безброј прашања, додека за него таа беше само уште една птица од јатото? Спакуваните одговори чекаа трпеливо чиниш беа скриено богатство кое требаше допрва да биде откриено. Таа не очекуваше апсолутно ништо. Но, не се плашеше да ѕирне што се крие во таа кутија полна со одговори. Беше подготвена на сè, и по цена едната половина од нејзината душа никогаш да не се спои со другата која лежеше во него.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.