Мадам де Стал – феминистка, доволно храбра да му пркоси на Наполеон

Зар не треба жените, како и секој маж, да ги користат талентите кои ги поседуваат?

Цитатот погоре е на  Мадам Де Стал (1766- 14 јули 1817), политички ангажирана писателка, која ја преживеaла  Француската револуција и во текот на својот живот била прогонувана  од Наполеон. Починала на денешен ден, и нејзиниот револицуонерен дух навистина го одбележуваме денес, на националниот празник на Франција.

Прославена за нејзината разговорлива елоквентност, Ана-Луиза Жермена, баронеса де Стал-Холштајн  – нејзиното целосно име – таа е писателка на книжевни дела, некои со критички осврт, некои фиктивни кои оставија голема трага на европскиот романтизам. Многу патувала и запознала многу политичари, уметници и писатели и била позната по својот космополитизам и нејзиниот дискретен феминизам.

Жермена Некер беше единственото дете на Жак Некер, истакнат швајцарски банкар и министер за финансии на францускиот крал Луј XVI, и Сузан Курч која имала исто така швајцарско потекло, и беше домаќинка на еден од најпопуларните салони во Париз.

Родена и израсната според либералните принципи на филозофот  Жан Жак Русо се придружува на салонот на нејзината мајка. На 13-годишна возраст, таа веќе ги чита  Монтескје, Шекспир и Данте.

Кога имала 20 години, стапува во договорен брак со Барон Ерик Магнус Стал фон Холштајн, шведски дипломат и амбасадор во Франција.

Во 1788 година, го објавува своето прво дело, Lettres sur les ouvrages et le caractère de Ж.Ж. Русо [Писма за делата и ликот на Ж.Ж. Русо].

Во тоа време, француската влада се соочува со голема економска криза во која нејзиниот татко игра голема улога. После отворениот конфликт со кралот тој го отпуштил и го протерал, што предизвикало голема вознемиреност кај париската популација и резултирало со големите протести на Бастилја, со што започнала Француската револуција.

Мадам Де Стал останала да живее во Париз, каде е заштитена со  привилегиите кои ги има како жена на амбасадор. Ова и овозможува да продолжи  да го држи својот салон, посетувана  од умерените почитичари (меѓу нив и политички активниот епископ Талејренд), како и монархистите.

Откако францускиот Устав од 1791 година бил објавен во Националното собрание, таа одлучила да се држи настрана од политиката – „Убавите уметности и писма ќе ми го окупираат слободното време“, рекла таа.

По прогласувањето на Француската република на 21 септември 1792 година, суровите ѕверства на Револуцијата беснеат низ целата држава и Де Стал се обидела да избега со нејзината придружба од Париз. Била запрена и принудена да оди во градското собрание во Париз, каде што, Робеспјер, една од најпознатите и највлијателните личности поврзани со Француската револуција ја привел и ја испрашувал. На крај ѝ било дозволено да го напушти градот со нов пасош.

Де Стал подоцна ќе се осврне на Револуцијата во нејзиниот роман Делфин, опишувајќи ги апсењата, насилството и судбината на емигрантите.

Де Стал два пати се сретнала со Наполеон. Заклучила дека тој е „немилосрден тиранин за кого сите поединци се мали пиони на шаховската табла којашто ја контролира“.

Во Considérations sur les principaux événemens de la révolution françoise [Размислувања за главните настани на француската револуција] таа вели: „[[Бонапарта] постојано ме заплашуваше сè повеќе. Имав збунето чувство дека ниту една емоција на срцето не може да дејствува врз него “.
Ова е нејзин прв филозофски пристап кон Европа, каде станува уште повеќе јасно дека првиот човек во Франција и Де Стал не биле воопшто во добри односи. На Наполеон не му се допаѓала нејзината културна решетилност и размислувања. За него, една жена треба да биде ништо повеќе од обична плетачка.

Бонапарта не е само човек, туку систем, (…). Затоа мора да се разгледа како голем проблем, чие решение е важно за сите“ – вели таа.

Во меѓувреме, широката мрежа на врски на Де Стал, во која беа вклучени странски дипломати и познати политички противници, го натерала  Наполеон да се сомнева во заговор. Во октомври 1803 година, тој ја испраќа во егзил без да биде осудена. Таа бега во Германија со надеж дека ќе може што поскоро да се врати во Франција.

Де Стал ги посетува Вајмар, Лајпциг и Берлин каде се сретнува со многу истакнати луѓе. Гете ја нарекол „извонредна жена“, додека Шилер ја фалел нејзината интелигенција и елоквентност.

Кога нејзиниот татко починал во април 1804 година, таа се сели на неговиот имот во Швајцарија.

Во декември 1804 година, Де Стал отпатува за Италија каде ја развива својата теорија за разликата помеѓу северните и јужните општества. Овие патувања станале основа за нејзината книга Corinne, ou L’Italie [Корин, или Италија], во која ги навела сите италијански уметнички дела што биле ограбени од Наполеон и однесени во Франција.

Во делото „За книжевноста“ таа jа споредува литературата на западните со литературата на источните народи и доаѓа до заклучок дека тие се разликуваат по вкус и дух. Со тоа и задава смртен удар на класицистичката теорија, која тврдеше дека литературата мора да им се покорува на едни исти закони, без разлика на местото на настанувањето на делото.

Уште еднаш, Наполеон ја протерува назад во Швајцарија, каде нејзиниот дом стана дебатен клуб за сите протерани лица непријателски настроени кон Наполеон. Стендал го опиша нејзиниот дом како „генерален штаб на европската мисла“.

Постојано во движење го напишала  едно од највлијателните дела од 19 век, De l’Allemagne [За Германија]. Врз основа на нејзините разговори со Гете и Шилер, таа ја претставила Германија како етички и естетски модел кој треба да се следи, фалејќи ја нејзината литература и филозофија.

Таа била решена да ја објави книгата во Франција, и така да ги доведе во прашање француските политички структури и  индиректно да го критикува Наполеон. За ова, Де Стал била уште еднаш прогонета.

После четиримесечно патување, таа пристигнува во Шведска, каде што започна да го пишува делото Dix années d’exil [Десетгодишен егзил], опишувајќи ги луѓето што ги запознала и работите што ги видела. Таа не го заврши ракописот, туку наместо тоа заминала за Англија, каде се запознала  со лордот Бајрон.

За Бајрон, таа била најголем жив писател на Европа, „со пенкало зад ушите и уста полна со мастило“.

Во мај 1814 година, веднаш откако Наполеон помина во егзил на островот Елба, Де Стал се враќа во Париз, повторно почнува да пишува и го оживеа нејзиниот салон. Меѓутоа, кога се појавија вести за враќањето на Наполеон во француска почва во 1815 година, таа повторно избега во Швајцарија. По последниот пораз и абдикација на Наполеон, таа заминала во Италија заради своето слабо здравје. И покрај нарушеното здравје,  таа се враќа во Париз, каде што почина на 14 јули 1817 година.

Нејзиното политичко наследство е генерално идентификувано како строга одбрана на републиканските и либералните вредности: еднаквост, индивидуална слобода – особено за жените и ограничување на моќта според уставните правила.

Целиот нејзин живот, Де Стал инсистираше на тоа дека ѝ треба политика за да преживее. Иако нејзиното мислење за тоа колку е соодветно жената да биде политички ангажирана се разликуваше во текот на животот, таа често отворено изјавувала  дека забраната на пристапот на жените во јавната сфера на активизам и ангажман е злоупотреба на човековите права.

Во романите (Делфин и Корина), таа застапува први феминистички гледишта, со што жестоко го критикува машкото општество во кое за жените нема место освен како сопруги и љубовници. Романите имаат голем успех во тоа време, бидејќи се целосно либерални: се залагаат за уништување на култот на браковите, кои доколку не се среќни стануваат стега која треба да се поднесува цел живот; го критикуваат машкото општество во кое жените не можат да најдат своие место според интелектуалните умствени способности и ја воведуваат подоцна омилената тема кај романтичарите – правилото на страст, како и темата на несреќната и невозвратената љубов која произлегува од тоа кога страста целосно загосподарува со животот на човекот.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.