Елиф Шафак- современа турска писателка

Елиф Шафак — професор, политиколог и најнаградуваната и најчитана современа турска писателка. Родена е во 1971 г.во Стразбур, Франција, а нејзиниот космополитски дух се должи на годините поминати во многу држави со својата мајка дипломат. Но длабоко е поврзана со Истанбул, каде што живее заедно со сопругот и двете деца, а нејзиниот втор дом е Лондон.

Шафак пишува на турски и на англиски, а нејзините дела се преведени на повеќе од четириесет јазици. Автор е на 13 книги, од кои 9 се романи, меѓу кои Копилето од Истанбул, Четириесет правила на љубовта и Чест. Во нејзините дела, напишани во духот на мистичниот реализам, се провлекуваат историјата, мултикултурализмот, хуманизмот, родовите права и суфизмот, во кои ги испреплетува усните преданија на Истокот и пишаниот збор на Западот.

Предавала на повеќе универзитети во Турција, Америка и Англија. Активно пишува политички колумни за повеќе весници и магазини низ светот: „Индипендент“, „Гардијан“, „Њујорк тајмс“, „Економист“, „Монд“, „Берлинер цајтунг“, „Ханделсблат“, „Волстрит журнал“ и „Тајм“. Предавач е на ТЕД глобал. Покрај многубројните литературни награди, во 2010 г. е одликувана со францускиот Орден на уметноста и литературата.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.