Пабло Неруда, нобеловецот кој со неговото дело се стекнал со бесмртност

Еден од најзначајните и највлијателните поети од 20 век, роден е два пати – првиот пат како Рикардо Нефтали Рејес Басоалто, Чилеанец, син на железничар и учителка, а вториот пат како Пабло Неруда, автор на некои од најубавите оди, љубовни песни како и песни со политичка тематика. Роден е на 12 Јули 1904 во Чиле, а починал на 23 Септември 1973 во Чиле. Неговите дела денеска се меѓу најчитаните и најсаканите, а големиот Пабло Неруда остана запомнет како сјаен дипломат, „поет за љубовта и политиката“, создавач на поезија и преубави стихови.

Пабло Неруда

Бил љубовник, нобеловец и космополит. Бил политички ангажиран, конзул, кандидат за претседател, прогонет, а најмногу борец – за правда, вистина и уметност. И морал да биде, бидејќи патот до ваква биографија е трнлив.

Почетоците на Пабло Неруда

Од малечок покажувал љубов кон пишаниот збор, но неговиот татко остро се противел син му да се впушти во уметничките води и да гради неизвесна кариера како што е писателската. Поради тоа младиот Рикардо се подготвувал да стане учител, но неговата најголема љубов никогаш не исчезнала. Доследен на својот повик, се сетил да го употребува псевдонимот Пабло Неруда при објавување на своите песни.

Неговите први трудови се нашле на страниците на училишни списанија и градски весници благодарејќи на нобеловката и директорка на училиштето Габриела Мистрал која прва му пружила поддршка на Неруда. На тој начин тринаесетгодишниот Пабло Неруда почнал да го гради новиот идентитет и кариера на еден од најславните поети на сите времиња.

На неговите деветнаесет години ја објавил неговата прва книга, Crepusculario, за која добил пофалби од многу познати писатели од тоа време. Година дена подоцна, ги објавил и неговите Дваесет љубовни песни и една песна на очајот, кои му донесле интернационална слава. Продолжил да пишува и да ги објавува своите дела под псевдоним и дури во 1946 г. го официјализира  и легализира името Пабло Неруда како сопствено. Набрзо стекнал голема популарност помеѓу читателите што според неверојатната уметност во дипломатијата која ја поседувал, допринело за неговото прогласување за конзул на градот Чиле, а потоа и на Буенос Аирес, Париз и Мексико.

Од тогаш станува сè повеќе политички активен поради што ќе се случуваат големи промени во неговиот живот и творештвото. Од аполитички љубовен поет каков што бил на почеток, се претворил во поет на политичките химни, општествено корисна уметност и страстен приврзаник на комунистичкиот режим.

Политичка ангажираност

Откако ја започнал дипломатската кариера и бил прогласен за конзул, често патувал низ светот. Кога се нашол во предвоената Шпанија, се запознал со некои од најголемите умови на 20 век, меѓу кој бил и Федерико Гарсија Лорка кој наскоро ќе му стане близок пријател. Во екот на граѓанската војна која набрзо избила, Лорка е убиен поради што Пабло Неруда бил многу потресен, а неговата желба да им помогне на Шпанците станувала сè посилна. Затоа ја објавува поемата „Шпанија во срце“ и збирка песни „Третиот престој“ во кои неговата поезија првпат се однесува на политички и социјални прашања. Почнал да има наклонетост кон Советскиот сојуз и комунистичкиот режим на Јосиф Сталин, и истата ја изразил во своите „Пеење за Сталинград“. Овие настани внеле големи контроверзии и промени во неговиот живот. Чилеанските власти го симнале од позицијата конзул поради искажаната поддршка кон Шпанија. Дури после неколку години подоцна повторно станале благонаклонети кон нему и му ја доделиле титулата сенатор.

Веќе потонат во политика, Пабло Неруда како сенатор одлучил уште еднаш со своите песни да се бори за правда. Сакал на виделина да ја изнесе злоупотребата на владата и дупките во системот, што довело до добивање на Сталиновата награда за мир, но и прогонство од татковината и две години живот во бегство.

Откако го повратил своето влијание во Чиле, бил номиниран за претседател на државата, но се одрекол од титулата во корист на левичарот Салвадор Аљенде и подоцна се задоволил со доделеното звање амбасадор во Париз.

Неговото творештво, уметност и поетската големина се овековечени една година подоцна, 1971, кога му е врачена Нобеловата награда за книжевност.

Пабло Неруда

Творештвото на Пабло Неруда

Тешко е да се раздели политичкото творештво на Пабло од останатото. Иако неговата подоцнежна поезија обилува со политичка тематика, и понатаму може да се насетат елементи од надреалистичката и љубовната поезија од неговото минато. Исто така, во неговите први трудови постои трагање и копнеж кон нешто поголемо, и позначајно од искажување емоции како индивидуалец, нешто со кое би се изразиле политичките и општествените ставови кои постепено ги градел.

Пишувајќи ги своите прочуени оди, во некои го истакнувал занесот, неверојатната убавина и смиреност, сакајќи на обичните луѓе да им пее за убавината на обичните работи како што се лукот или доматот. Другите се осудувачки и се занимаваат со политика – главно за американската воена агресија во Кореја и експлоатацијата на бакар во Чиле. Неговата збирка поезија „Општи песни“ претставува прв голем пресврт и почеток на поинаков стил – отворени политички и општествени критики.

Според тоа останал запомнет првенствено како автор на љубовна поезија, Пабло Неруда бил и исклучителен хронолог на своето време, а во неговата поезија  се укажувала убавината, и се разоткривале човечките мани и социјалните проблеми.

Последните години

Откако му била врачена Нобеловата награда, неговото здравје почнало да се влошува. Му бил дијагностициран рак и последните денови ги поминувал во болницата Санта Марија во Чиле. Несвесен за тежината на сопствената болест се подготвувал за својата последна храброст – уште еден обид за разоткривање на вистината. Сакал да отпатува во Мексико и да изнесе јавна декларација против воениот режим, но неговата намера не се остварила. Починал истата ноќ, а како причина за смртта е наведен инфаркт. Меѓутоа, луѓето кои два пати се родени, мора и два пати да бидат погребани. Под сомнение дека Пабло Неруда бил отруен поради своите планови, неговото тело било подложено на ексхумација и анализа 40 години подоцна. Тој ден е утврдено дека срцето на Неруда престанало да чука по природен пат, а секој претходен и следен, со секој читател на неговата поезија потврдена е бесмртноста на Неруда.

Извор

Слушнете ги видео рецитациите: Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови, , Si tú me olvidas (Ако ме заборавиш), No me pregunten – Pablo Neruda.
Прочитајте ја и неговата љубовна песна: Ќе дојдат други денови.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.