Жан де Лафонтен – Штурецот и мравката

Жан де Лафонтен е роден на денешен ден во Шато Тјери во 1621 год. но се сели во близината на Париз во 1658 год, и станува дел од уметниците кои ги заштитува министерот за финансии Фуке во неговиот дворец Во ле Викомт. Тој му го посветува првото негово дело „Евнух“ како и херојската песна „Адонис“ токму на Фуке. Францускиот крал Луј XIV го апси Фуке и Жан де ла Фонтен  е принуден да пребегне во Париз каде го пишува своето капитално дело Басни.

Тој ги објавува своите басни во три збирки (книга 1 до книга 7) во 1668 година, (книга 11 до книга 17) во период од  1678 до 1679 година и третата збирка басни во 1694 година (книга 12).

Како поет припаѓа на жанрот класицизам и сите негови дела се водат од нивната главна девиза „да се допадне и да заведе“.Главниот извор на доктрината на класицизмот лежи во античките реторики и поетики. Од авторите посебно треба да се спомене Аристотел и Хорациј. Во прв ред, класицизмот е време на хиерархиска потчинетост, кога во сè и пред сè се бара ред. Притоа, во книжевноста се наметнале строго утврдени принципи кои поаѓале од сфаќањето дека уметноста не е ниту фантазија ниту забава, туку таа има дидактичка намена, т.е. треба да служи за поука и воспитување.

Во тој поглед и неговите басни имаат пред сѐ едукативна и морална  вредност.

Како главни теми кои ги користи Лафонтен во своите басни се: итрината, суетата, правдата и илузијата.

Басните се кратки, пријатни за читање со живи дијалози што ги прави да се динамични и лесни за читање. Но зад оваа леснотија и наводна ноншалатност се крие целта на Жан де Лафонтен – таа е да подучи и некогаш наворучението е потешко да се воочи имајќи во предвид дека користи филозофски вокабулар.

Ја избравме неговата најпозната басна „Штурецот и мравката“ која зазема прво место во неговата прва објавена збирка басни.  Оваа басна ја презел од  Езоп (старогрчки писател на басни кој живеел во 7 – 6 век п.н.е.).

Во оваа басна се дадени две гледишта на светот кој биле интересни за Жан де Лафонтен и секако и денес се честа тема. Жан де Лафонтен не дава експлицитно наворучение и го остава самиот читател самиот да даде мислење за темата која се обработува во басната.

Од една страна е претставен штурецот кој е симбол на безгрижноста, мрзеливоста, вкусот за добар живот, но и на штетноста, а од друга страна е мравката која е симбол на работливоста  и добрата заработка.

Иако наворучението не е дадено, сепак басната завршува со иронично обраќање на мравката која се обраќа кон штурецот:

„Си свирел, значи секој час?

Па, сега танцувај во глад!“.

Со ова тој ја критикува мрзеливоста која го довела штурецот до питачење , но сепак штурецот не учи од своите грешки и сака да продолжи со истата  песна и следното лето.

Мравката е симбол за економичност и разумност кои биле многу ценети во 17 век и се исто така симбол на класичниот идеал.

Штурецот и мравката

Штурецот летото го мина

Свирејќи на виолина,

И беше доста изненаден

Кога дува ветер ладен.

Полето пусто – ни трошичка

Од црвче или од мушичка!

И отиде со раце голи

Кај Мравката да ја моли

За една шепа зрна златни

Да ги мине дните гладни,

До идната плодна жетва.

„Сосетке, ти давам клетва

За работа ќе се фатам,

Со камата ќе ти вратам!“

Но Мравката не дава заем

Тоа е нејзин порок знаен.

„Што си правел среде лето?

Го праша Штурчето клето.

  • На секој гостин, стар и млад,

Му свирев мили песни јас.

  • Си свирел, значи секој час?

Па сега танцувај во глад!“

One comment

  1. […] Жан де Лафонтен пишувал многу, но басните го направиле славен. Првото дело го издал во 1668 г, под името „Езопови басни“. Во оваа статија е направен краток осврт на басните. Тие биле одличен избор за читање бидејќи имале ритам, пишувани биле со рима и биле лесни за читање. Неговите басни не било четиво за деца туку и за возрасни. Во нив често се случува да страдаат добрите бидејќи не биле доволно итри, а победуваат паметните и вештите (макар и да се злобни). Поштенска марка со негова слика и неговите басни се издадени во 1995 година во Франција. […]

    Ми се допаѓа

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.