Случајна средба – Силвана Панева

Двете долгогодишни пријателки низ разговор стигнаа до една луксузна продавница. Во следниот миг Ивана го слушна своето име. Изненадено се сврте да виде кој ја препознал, немаше многу пријателки во градот, но сепак се изненади од глетката пред себе. Пред нив стоеја двете “антипатични пријателки” од нејзината младост. Малку се исплаши од нивниот нов “имиџ” и ја напна таква смеа што едвај се воздржуваше гласно да се насмее.

А тие беа барем дваесетина килограми потешки од последен пат кога ги виде, лицата им беа оптегнати до непрепознавање, веројатно од пластичните операции, а усните одалеку се гледаше дека им се зголемени. Врз себе ги имаа сите можни бои, и многу ѝ личеа на кловнови. Едната од нив се изненади од витката линија на Ивана која не беше променета и по толку многу години, но позелената од гнев мораше да ѝ најде некоја замерка. Затоа без да се поздрави веднаш почна со напад:

– Слушнав дека одамна не сте во брак со Иван!

Другата “пријателка” направи лажен израз на лицето и се надоврза на разговорот:

– Ние искрено жалевме за вашата разделба!

Ивана со искрена насмевка им се обрати:

– Убаво сте слушнала и верувам дека многу сте жалеле, но навистина нема потреба зошто јас сум среќно разведена жена.

Не им се допадна одговорот и во еден глас и се нафрлија на Ивана:

– Не веруваме дека лесно си го поднела разводот. Вие многу се сакавте во младоста!

– Да – рече Ивана – тоа беше многу оддамна, а јас веќе не живеам во минатото туку во сегашноста.

– Но, зарем сега ви личам на несреќна жена?

Продолжија двете да ја меркаат од глава до пети, беше беспрекорно облечена и имаше дискретно нанесена шминка на лицето. За волја на вистината изгледаше многу помладо за нејзини години, а тие две фрлија цело богатство за разубавување, а не беа задоволни од резултатите. Гореа од желба да ја испрашуваат за кремата што ја користи на лицето, за диетата што ја применува……но таа љубезно им кажа дека брзаат со пријателката на театар. Двете “ антипатични жени” останаа без зборови од начинот на кој ги откачи секогаш послушната “кутра Ивана”. Се погледнаа двете и влегоа бесни во луксузната продавници. Кредитните картички на нивните сопрузи ќе мора да бидат испразнети за да ги нахранат своите гладни суети. Ивана, пак, со пријателката не отидоа на театар туку продолжија во одлично расположение да разговараат. Уште долго време се смееја на ситуацијата во која се најдоа, а Ивана ѝ објасни на пријателката дека чудните жени биле сопруги на другари на поранешниот сопруг. Таа не беше личност која води трач муабети, но не можеше да се воздржи и кажа:

– Овие жени би требало да ги најмат и да бидат кловнови во некој циркуз!

Не можеа да се воздржат и прснаа слатко да се смеат.

Автор: Силавана Панева

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.