17 мудри мисли и неколку факти за најпознатиот баснописец Жан де Лафонтен

Жан де Лафонтен (кој е роден на денешен ден) пишувал многу, но басните го направиле славен. Првото дело го издал во 1668 г, под името „Езопови басни“. Во оваа статија е направен краток осврт на басните. Тие биле одличен избор за читање бидејќи имале ритам, пишувани биле со рима и биле лесни за читање. Неговите басни не било четиво за деца туку и за возрасни. Во нив често се случува да страдаат добрите бидејќи не биле доволно итри, а победуваат паметните и вештите (макар и да се злобни). Поштенска марка со негова слика и неговите басни се издадени во 1995 година во Франција.

Прочитајте ги неговите мудри мисли во продолжение.

  1. Често ни е потребен некој помал од нас.
  2. Двојно е уживањето кога ќе се излаже лажливец.
  3. Колку е страшно д а се помисли дека е вистина она што луѓето го говорат за нас!
  4. Ласкањето се лажни пари чијшто курс расте со нашата суета.
  5. Ласкавците секогаш живеат за трошокот од оној што ги слуша.
  6. Многу е подобро да се биде сам отколку со будали.
  7. За жал, отсекогаш било точно дека поради глупостите што ги прават големите страдаат малите.
  8. Најубава победа е да го победите сопственото срце.
  9. Ништо не е толку опасно колку неписмен пријател: повеќе би вредел паметен непријател.
  10. Ништо не помага ако трчаме, треба да се тргне на време.
  11. Среќата ни го продава она што мислиме дека ни го дава.
  12. Оставете ги будалите да зборуваат: знаењето има цена.
  13. Смртта никогаш не го изненадува мудрецот, тој секогаш е подготвен за заминување.
  14. Во љубовта е сè дозволено: лукавост, вештина, лага и измама.
  15. Бидете благодарни за советите, не за пофалбите.
  16. Додека живееш избегнувај на луѓето да им судиш според изгледот.
  17. Смртта е почеток на бесмртноста.

Неколку факти за него

Жан де Лафонтен (1621-1695) бил француски поет, најпознат по неговите Басни (1668-1694).

Пред да стане славен изучувал религија и право па дури после тоа се посветил на пишувањето.

Неговата животна приказна беше раскажана во 2007 во францускиот филм Jean de La Fontaine – le defi, а го глумел францускиот актер Lorant Deutsch.

Имал договорен брак со Marie Hericart и со неа имале син. Но тој поголемиот дел од животот живеел одвоен од нив.

Неговите басни го отсликуваат човечкото однесување преку ликовите на животните. За разлика од Езоповите басни, басните на Лафонтен помоќно препорачуваат дека животот е џунгла.

Лафонтен обработува сериозни теми како што се моќ, лакомост и насилство, со забавна филозофска прифатливост.

Лафонтен ги пишувал неговите басни во лесни, природни стихови. Наспрема нивниот песимизам и софистицираност, Басните сè уште играат голема улога во едукацијата на француските деца.

Тој исто така напишал и колекција од пикантни (непристојни) приказни наречени Cantes (Tales) „Приказни“.

Според Флобер, тој бил единствениот француски поет кој ја разбирал и владеел структурата на францускиот јазик пред Иго.

Неговите пријатели го опишувале како детинест, расеан, и дека се чувствувал непријатно во општествениот живот. Низа од богати и културни покровители го поддржувале.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.