Претераната љубезност може да предизвика другите да се однесуваат лошо кон вас

Уште од детството сме учени да не одговараме на злото со зло. Ни кажуваат дека на злото треба да се врати со добро. Според тоа, добрината е најдобриот начин за решавање на конфликтите, уверени дека доброто мора секогаш да победи.

Сепак, психологот Клифорд Лазар тврди дека ваквото однесување му дава дознаење на оној кој вас ве навредува, дека ќе постигне сè што сака и дека ќе може да манипулира со вас ако продолжи со агресивното однесување. За тоа постои логично објаснување, таканаречен – Закон ефект.

Се наведува на тоа дека луѓето се склони кон такво однесување што им овозможува да ги задоволат своите потреби, како и обратно, дека избегнуваат постапки преку кои не доаѓаат до никаква цел. Тоа значи дека кога се однесувате љубезно кон човекот што е постојано груб со вас, му покажува дека таквото однесување од негова страна, кај вас предизвикува љубов.

Или со други зборови, ако со некој што е груб со вас, продолжувате да се однесувате љубезно, вие ја охрабрувате таа личност да продолжи со нејзиното лошо однесување, мислејќи дека ќе стигне до зацртаната цел.

Секако, тоа не значи дека секојпат треба да се разбесните кога ќе наидете на нељубезна или гневна личност, која непристојно се однесува со вас, но важно е да се запомни дека не треба да се биде премногу добар, кога некој константно продолжува да ве напаѓа. Многу е важно на време да ѝ дадете дознаење на личноста, дека начинот на кој се однесува со вас не е воопшто прикладен. Тоа не значи дека на секој злобен коментар или однесување, треба да возвратите со иста мера, туку ако се укаже потреба, треба да го направите тоа.

  1. Поради тоа не ги охрабрувајте луѓето да се однесуваат лошо со вас, со тоа што ќе молчите. Спротиставете се.
  2. Научете да ги одбраните своите ставови, без страв од мислењата на другите. Секој има легитимно право да го искаже своето мислење.
  3. Не дозволувајте луѓето да бидат груби со вас со тоа што постојано ќе го толерирате нивното однесување. Научете да поставите граница.
  4. Ако некој кон вас се однесува непристојно, грубо, злобно, кажете му го тоа. Нема потреба од молчење, смешкање и ,,глумење” дека сè е во ред, кога очигледно дека нешто не е во ред.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.