Тајната на бакнежот – Софија Петковска

Невино детски,

наивни,

нежни,

мајчински,

топли,

пријателски,

братски,

за разделба,

за добредојде,

горди

се бакнежите.

Со вкус на путер од кикирики

и крцкав домашен леб,

сладникави ко слатко од дуњи,

потопени бисквити во млеко,

фин спој на мед и печени ореви.

Убави,

длабоки,

сигурни,

моќни,

холивудски,

исплашени,

вечни

се бакнежите.

Ти ја успокојуваат душата,

те инспирираат,

ти даваат сила,

ја испишуваат традицијата во ѕвездите,

духот ти го издигнуваат до небеса,

а потем силно те трескаат од земја,

онака тешко да ти дојде,

и не на телото болки да чувствуваш,

ами на духот,

исто ко Исус што рани во срце носеше дур

Јуда три пати братски го целиваше пред да му го сврти грбот.

Опојни,

сензуални,

страсни,

љубовни,

романтични,

ненаситни,

предавнички,

алфа и омега

се бакнежите.

Мирисаат на летен дожд,

ти го топлат телото ко камин во викендичка,

ти даваат надежи за иднината

светот ти го менуваат,

те кршат ко стакло на илјада парчиња,

а патем,

во една слика те соединуваат,

ко сложувалка,

парче по парче,

гоблен од животот ти везат.

Од Бога дадени,

историски,

од колено на колено во аманет оставени,

силни да го победат секое зло,

без нив човек ќе овене,

без нив живот нема,

иљач се за душата.

Бакнувајте се.

Автор: Софија Петковска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.