Какво е летото? – Дијана Станчевска

Мирисот на жештината, блесокот на сонцето, одблесокот на сончевите зраци во водата, раззеленетите паркови, расцветанитеградини, разиграните облачиња, секси здолништа, апостолки што шлапкаат по асфалтите и дигаат прав по песочните плажи…Ах, колку многу причини има да се сака летото…Секое годишно време има свои предности и носи различни убавини, но додека трае летото треба максимално да уживаме во него бидејќи ќе мине за миг. Како се доживува летото?

Летото е како…

Цвет кој ја видел убавината на денот,

бавчи полни со црвени овошки на зелени дрвја,

нешто суво, жешко, жолто

добра топка сладолед во корнет..

Магичен одблесок на сончевите зраци од водените површини,

бесконечна игра – прскање во вода и со вода,

читање добра книга на раат,

забава за сите кои знаат како да се забавуваат,

многу денови поминати високо во воздухот,

залез на сонце кој не сакате да го пропуштите,

скокање во вода,

детска радост,

облаци кои играат на небото,

разлеани капки вода кои танцуваат под сончевите зраци,

крајбрежје, вода, песок, плажа…

Cвежи краткотрајни дождови,

момент за семејството,

капка роса на тревата

природата насликана со весели бои,

одмор на планина,

романтична средба под отворено небо,

топол поглед

страстен бакнеж…

Што е за вас летото? Што го прави ова годишно време незаборавно во вашиот живот?

Автор: Дијана Станчевска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.