Кој бил Херман Хесе во приватноста?

Животот на овој писател кој е роден на денешен ден, е навистина занимлив земајќи ги во предвид неговото пишување, љубовните маки, ставовите кон војната, учењето и размислувањето. Роден е во Калв (Германија) во 1887 година. Марија Гундерт неговата мајка имала тешко детство бидејќи нејзините родители уште како дете ја оставиле во Европа за да ја продолжат нивната мисија во Индија, а подоцна таа и нејзиниот сопруг ќе служат во протестантска мисионерска заедница.

Првите книги и допири со науката Хесе ги имал благодарение на неговиот дедо Херман Гундерт, доктор по филозофија, кој му дозволил пристап до неговата лична библиотека. Од мали нозе покажувал интересирање за пишаниот збор со кој се обидел да се избори против депресијата во која се нашол рано. Поучен од страна на своето семејство секогаш му се спротивставувал на национализмот и стоел на тој став до крајот на својот живот.

Образованието на почетокот му одело навистина добро, за подоцна да почне да ги покажува првите знаци на бунтовност, бегајќи од училиште, што довело до лоши односи со родителите, обид за самоубиство и престој во една ментална установа во Германија. Целиот живот сакал да биде писател и никогаш не се откажал од своите желби за тоа и да постане.

Одма по завршување на школувањето почнува да работи во мала книжарница со што успева да се избори за својата самостојност. Се обидел да се пронајде себе во зборовите, трагал за соништата, ја испитувал својата личност и чувства. Првата песна ја објавил во едно книжевно списание, после што целото негово творештво добива сè поголемо внимание. Пофалби добивал дури и од Зигмунд Фројд.

Се женел три пати, па честопати неговиот љубовен живот го користел како инспирација во неговите дела или тој го наведувал за пишување на нови романи, за жал главно поради тага и болка. Доброволно се пријавил во војната од 1914 г. За да ги повика луѓето на мир, што предизвикало потсмев кај народот, но тоа не го спречило или принудило да го промени неговото мислење. Секое дело на Хесе говори за најдлабоките емоции, случувањата со кои бил опкружен, психоанализата на која бил изложен, состојбите после неуспешните бракови, осаменоста, апатијата, но и антивоениот став. Самиот говорел дека негово најголемо влијание имала филозофијата од истокот.

Во подоцнежните години се посветил и на сликарството, а најмногу ја негувал акварел техниката. Тешкиот живот во кој често се чувствувал неразбран, со болежливо тело, но останал со непроменливи ставови и размислувања, од вонвременско пишување кое и ден денес е ненадминливо.  Хесе успеал како германски државјанин одма по завршетокот на II светска војна да ја добие Нобеловата награда за книжевност (во тоа време живеел во Швајцарија чиешто државјанство го добил уште во 1929 г.) што дополнително говори за талентот, големината и карактерот на Херман Хесе.

Поет или апсолутно ништо друго

Тој знаел точно што сака да стане – поет или апсолутно ништо. Неговото патување низ пишувањето самото по себе е одисеја. Откако пробал различни училишта, станал толку депресивен што на 15 годишна возраст пробал да си го одземе животот што оставило голембелег врз неговата личност. Потрагата по идентитетот и тешкиот процес на себеоткривање биле темите кои Хесе ги сместил подоцна во неговите новели. Неговите раскази, приказни, расеани со извори од неговото лично искуство, себе анализирањето и поетските признанија. Уште од раното детство знаел дека ќе стане писател иако неговите родители мислеле поинаку. Израснат во религиозна заедница сепак (за среќа) не ги следел стапките на татко му и мајка му. Во 1891 г. татко му го испратил во протестантски манастир близу Мелбурн, но не можејќи да го поднесе христијанското учење тој заминал од таму.

„Се сомневал во автономијата и религијата. Трагал по религиозна доктрина која нема да биде воинствена или мисионерска, но бил отворен кон другите животни стилови, туѓите идеи“, објаснува Гунар Декер, човекот што ја пишувал биографијата на Хесе. „Ова е круцијално прашање во Арапскиот свет“.

Хесе постигнал книжевен пробив во 1904 г. со новелата „Петер Каменцинд“ и одеднаш станало возможно за него да живее од пишување. Се оженил со Марија Бернули која била негова фотографка, заедно се преселиле во јужна Германија и основале семејство. Но овој комфорен и безбеден животен стил не било тоа што Хесе вистински го посакувал. Пател во сопствената егзистенција и неговиот прв брак кој нема да биде последен, станал проблематичен.

Авторот од таму заминал да патува кон Шри Ланка и Индонезија. Ова патување до Азија ќе повлијае во неговата подоцнежна работа во голема мера, а еден пример е неговиот прочуен роман „Сидарта“. Откако се вратил во Европа во 1914 г. се преселил во Швајцарија каде што волонтирал за војската на почетокот на Првата светска војна. Но неговиот слаб и оштетен вид со кој се мачел цел живот направил да ја напушти армијата и наместо тоа завршил грижејќи се за затворениците во Берн.

Од симпатизер до предавник

Војната и нејзината пропаганда го испровоцирале Хесе. „Ох, пријатели, не овие звуци“, тој напишал во статија во Neue Zürcher Zeit ung на почетокот на војната. Сакал да ги предупреди германските интелектуалци да се оттргнат од нивните национални полемики и да бидат похумани. Статијата му донесла непријателства и омраза.

Критицизмот и настаните од војната го вознемириле, и тој потоа страда од неколку лични трагедии. Неговиот татко починува во тој период, неговиот најмлад син тешко се разболува. Во 1917 г. Хесе станал очаен и побарал стручна помош. Користејќи го псевдонимот на Емил Синклер, тој ја запишал средбата со психоанализата во новелата „Демијан: Приказната за младоста.“

Неговиот прв брак завршил со развод, тој го напуштил семејството во надеж дека ќе почне нов почеток. Во неговиот дом во Швајцарија ги создал неговите најважни дела. Во 1924 г. станал швајцарски жител и се оженил со Рут Венгер, но после три години се развеле. Се оженил со неговата трета жена, историчарка на уметноста Нинон Долбин и тие останале заедно сè до неговата смрт. Умрел во 85-та година во сон. Во подоцнежните години и понатаму е еден од најдобрите писатели на сите времиња, иако не се обработува ниту во основните и во средните училишта, што можеби е голем пропуст за учениците. Неговите дела будат желба за откривање нови делови од светот, ја охрабруваат тежината за длабоко запознавање на сопствените ум и тело, позитивно влијаат на човекот, на љубовта, мирот и добросостојбата.

Хесе им се спротивставил на нацистите

Херман Хесе гледал со загриженост и несогласување како што нацистите ја преземале контролата врз Германија. За време на војната тој ги поддржувал германските војници вклучувајќи ги и Томас Ман и Бертлот Брехт  откако тие побегнале од нацистичкиот режим. Токму во овој период тој ги создал најдобрите дела и ја освоил нобеловата награда како што веќе напишавме погоре во текстот. Тогаш комисијата која ја доделува наградата изјавила: „за неговите инспиративни зборови коишто додека растат во храброст и остроумност, ги илустрираат класичните хуманитарни идеали и високиот уметнички стил.“ После Втората светска војна, неговите книги станале многу популарни во Германија како држава која барала извор за водење и себе-рефлексија. После неговата смрт неговата популарност опаднала, но Хипи движењето покренато во Америка предизвикало да се оживее неговото дело. Моќните деца на цвеќето се виделе себеси во ликовите, борејќи се да опстојуваат како слободни артисти во признато општество како Хари Хелер, протагонистот во „Степски Волк.“ Книгата била бестселер и тој станал популарен низ целиот свет и така е до денешен ден. После неговата смрт еден германски весник ќе објави дека авторот веќе бил застарен, но комотно требало да си ги повлечат зборовите. Набрзо после објавата неговото творештво било преведено приближно на 60 јазици.

Останати негови најпознати дела се: „Степски Волк“, „Сидарта“, „Демијан“, „Нарцис и Златоуст“, „Играта со стаклени монисти“, „Среќен е оној што умее да сака“ и многу други.

Извор и Извор.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.