Во следнава статија пишував за Жорж Санд и нејзиниот револуционерен дух, а во чест на денот на нејзиното раѓање ги преведов и најпзнатите мисли што ги оставила како пишано сведоштво што ќе живее вечно. Прочитатејте ги во продолжение инспиративните мисли од Жорж Санд.

- „Љубовта е среќа која ја даваме еден на друг“.
- „Пред сè децата треба да им се доверуваат само на луѓе кои се одликуваат или со срце или со дух“.
- „Сегашноста секогаш е некој компромис измеѓу она што се сакало и она што се постигнало“.
- „На почетокот на љубовта љубовниците зборуваат за иднината. Кога љубовта е на крајот зборуваат за минатото“.
- „Не е грев во тоа ако жената заминува од љубовникот што го сака, туку ако му се дава на оној кој не го сака, па макар тоа да биде и нејзиниот сопруг“.
- „Потешко е да се прими совет отколку да се одбие подарок“.
- „Умот бара, но срцето наоѓа“.
- „Со верата е како и со љубовта. Кога ја барате не ја наоѓате, а ја наоѓате во моментот кога најмалку ја очекувате“.
- „Заедничкиот живот е најголем степен на среќа помеѓу луѓето што се сакаат. Но на секое мисловно битие му се потребни часови на осаменост и собраност. Само по таа цена се ужива во сласта на заедничкиот живот“.
- „Среќата е да се помага на старите суштества кои нè негувале во детството“.
- „Од каде им е визијата на децата за она што никогаш не го виделе?“.
- „Шопеновиот гениј е најдлабок, најчувствителен и највозбудлив што некогаш постоел. Тој говори со јазикот на бесконечноста на еден единствен инструмент“.
- „Тешко на оној кој сака во љубовта да внесе искреност“.
- „Жената во љубовта мора да сака сè или ништо“.
- „Постои само една среќа во животот, а таа се состои во тоа да човекот биде сакан“.
