Чеслав Милош – Задача

На денешен ден е роден Чеслав Милош (полски: Czesław Miłosz; 30 јуни 1911 – 14 август 2004) – полско-американски поет, прозаист, есеист, преведувач и дипломат.

Милош е роден на 30 јуни 1911 во Шетејња, тогаш во рамките на Руското царство, денес во Литванија, починал на 14 август 2004 година, во Краков, Полска. Од 1945 до 1951 година, Милош работел како дипломат, но во 1951 година ги прекинал односите со татковината. Од 1951 до 1989 година живеел во емиграција – до 1960 година во Франција, а потоа во САД. До 1980 година, неговото дело во Полска било забрането од цензурата. Од 1961 до 1978 работел како професор по словенски јазици и литература на Универзитетот на Калифорнија во Беркли и на Универзитетот Харвард. Во 1993 година се вратил во Полска.

Добитник е на Нобелова награда за литература во 1980 година. Носител е на звањето „Справедлив меѓу народите на светот“ и носител на Орденот на Белиот орел. Исто така, тој е добитник на Меѓународната награда за литература Неустат во 1978 година. Милош бил член на Полската академија на науките и на Здружението на полските писатели. Милош почива во Криптата на заслужните во Скалка, Краков.

Милош е најпознатиот претставник на виленската авангарда и од самиот почеток бил миленик на полската критика и на публиката. Особено е читан и фален неговиот втор том, „Три зими“ (1936), кој се смета за еден од најсветлите моменти на полската предвоена поезија. Притоа, во неговата поезија катастрофичните елементи не се внесени во вид на неодредена фантазмагорична бајка, туку се реално прикажани како составен елемент на тогашниот полски живот. И токму таа публицистичност е едно од најважните обележја на поезијата на Милош. Никој во полската поезија не го отсликал толку силно страдањето за време на окупацијата на Полска. Неговата книга „Спасение“ (1945) истовремено претставува поетска осуда на војната и споменик на болката, разговор со погинатите другари и порака до идните поколенија. Во тие рамки, циклусот посветен на разурнатата Варшава е највисокото поетско остварување на Милош. По емигрирањето од Полска, Милош објавил повеќе поетски збирки и неколку романи, но многу повеќе бил ангажиран како публицист, памфлетист и полемичар.

Прочитајте една од неговите песни во препев на македонски јазик:

Задача

Во немир и страв мислам дека својот живот ќе го исполнев
Само да се бев одважил за јавна исповед
Откривајќи ја измамата и за себе и за моето доба:
Ни беше слободно да се огласуваме со крештење на џуџиња и демони,
Но чистите и достојни зборови беа забранети
Под закана на толку строга казна што оној кој би се осмелил
Еден од тие зборови да изусти
Самиот себе веќе можел да се смета за изгубен.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.