Не се живее од спомени

„Не се живее од спомени“, ми рекоа еднаш. Но што ако тие се единствената карта со која можам да патувам низ времето? Што ако спомените ги одржуваат луѓето во живот? Некои спомени болат, и не носат ништо освен солзи, тага и преживување на истото. Но затоа пак некои носат насмевки на лицата и умираме од желба повторно да можеме да ги доживееме. Како меч со две острици, не може секогаш да биде идеално, исто како и со нашите спомени. Еден ден и ние ќе бидеме дел од нечија меморија, ќе останеме живи само на фотографиите. Прашање е само дали меморијата ќе носи радост или болка?

Колку спомени носиме со себе, толку сме побогати, помудри, но и поисполнети со животно искуство. Кога еден ден ќе останам само дел од нечии мемории, сакам да ме паметат по добро. Од лошото никој арно не видел, ниту ќе види. Омразата ја краде целата среќа исто како што злобата ја црпи позитивната енергија и добросостојба. Велам дека среќата се можи, умножува, расте како што се дели и споделува со другите, а тагата се намалува обратнопропорционално. Несебичноста и добрината се карта за правец кој води кон среќни патеки. Во филмовите една од главните поуки е дека доброто секогаш го победува злото, а јас цврсто верувам во ова. Одбирам да бидам три пати подобра со оние што се добри кон мене, а оние кои не се, нека ги снајде она што ми го посакуваат. Тоа е мојата единствена „одмазда“ преку еден вид карма кој порано или подоцна секого го стигнува во животот. Кога мислите ти се чисти, бистри како капка роса, душата ти плива во росни сокови, не можеш да ѝ се препутшиш на лошата судбина, не може злото толку лесно да допре до тебе. Ќе остане засекогаш заробено и вратено во оној или во сличен облик како што е испратено.

Доброто и злото се делчиња во мозаикот што го сочинува нашата меморија. Во мигот кога ќе се претворам во спомен, немојте да пуштате солзи за мене, туку радувајте се. За било што поврзано со мене што ви предизивкува насмевка. Запомнете ме по тоа што ви носи повод за да се насмевнете. А, дотогаш, ајде да правиме сеќавања додека не сме се сториле спомен.

Н.Н

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.