Крај багремите

Пред Мигот

Дур те чекам како далија во рано лето, во густиот чад од пурата го замислувам ликот твој. Часовникот, го слушам отчукува заедно со срцево во ист ритам за да ме потсети на мигот и средбата со тебе. Опкружен сум со душата на ,,Боемската Улица’’, јас, ветрецот и мислите. Полека полетувам на небото седмо, додека ти иташ кон местото каде погледите ќе се вкрстат.

За Мигот

Те гледам во далечина, ил пак те замислувам како пустиник кој гледа бунар во дините. Пупките беа прецветале, мирис опоен шират од крошните на багремите. Како фонтаната клокоти, така атови праќам за да ми те донесат поскоро. И во тој миг се вкрстија погледите. Да имав платно ќе насликав ремек дело, да имав глас ќе те опеев гласно да чујат и демоните стари кои те криеја од мене.

По Мигот

Двамата чекориме по вечерта помината со зборови кои како канон милозвучеа. Еден до друг мислиш лебдиме крај езерцето, сетне времето постана непознато. Душите влечат една кон друга, дур умот ги прекорува и приспомнува за крајот на денот. Како месечината се издигнува над редот од багремите, така желбата се засилува за уште едно видување на некое друго катче во градов поспан.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.