На денешен ден е роден Петре М. Андреевски – еден од најпопуларните македонски поети и раскажувачи

Петре Мито Андреевски (Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 – Скопје, 25 септември 2006) — македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања.

Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата по југословенска книжевност. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 година, a во 1983 година бил и негов претседател).
Петре М. Андреевски почина на 25 септември 2006 година во Скопје. Година дена по неговата смрт, на 9 октомври 2007, Поранешниот претседател на Република Македонија – Бранко Црвенковски, постхумно му доделил Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност.

Неговото книжевно творештво

Творештвото на Андреевски е разновидно и опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн. Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома, соодветно.

Стихозбирки:

  • Јазли (1960)
  • И на небо и на земја (1962)
  • Дениција (1968)
  • Дални наковални (1971)
  • Пофалби и поплаки (1975)
  • Вечна куќа (1987)
  • Лакримариј (1999)

Книги со раскази:

  • Седмиот ден (1964)
  • Неверни години (1974)
  • Сите лица на смртта (1994)
  • Боеми (постхумно)

Романи:

  • Пиреј (1980)
  • Скакулци (1983)
  • Небеска Тимјановна (1988)
  • Последните селани (1997)
  • Тунел (2003)
  • Бежанци (постхумно)

Книгата драми (1984), во која влегуваат:

  • Време за пеење
  • Богунемили

Есеи:

  • Сегашно минато време (2006)

Стихозбирки за деца:

  • Шарам барам
  • Касни порасни (сликовница)

Андреевски бил добитник на наградите: „11 Октомври“ (во 1968 година), „Браќа Миладиновци“ (два пати), „Рациново признание“ (два пати) и „Стале Попов“ (два пати).
Романот “Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, а збирката “Дениција“ ја има означено како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам.

Овде можете да ја прочитате неговата песна Размисла – Петре М. Андреевски.

Овде можете да ја прочитате следнава Ако не си ти – Петре М. Андреевски.

На следниов линк може да се чуе рециталот на Кога ја љубев Дениција – Петре М. Андреевски (рецитал)

На следниов линк Дениција сме ја избрале за книга на месец ноември во 2017-та година – Дениција – Петре М. Андреевски

На следниов линк може да се чуе рециталот на Таа – Петре М. Андреевски.

One comment

  1. […] најомилени романи од домашни автори. Денеска споделив кратка биографија за Петре М. Андреевски во чест на одбележување на денот на неговото раѓање, а […]

    Ми се допаѓа

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.