Охридска убавина – Јасмина Михајлоска

Причитајте ја песната „Охридска убавина“ што ни ја испрати авторката Јасмина Михајлоска. Истава песна има освоено прва награда на конкурсот “Охридски бисер на поезијата – 2020”.

Погледнувам во далечина,

глетка моја омилена,

како слика на платно нацртана,

Охридска убавина.

Пред мене бескрајно синило,

очи да ми одморат.

Езерото и небото споени,

срце да ми украдат.

Знаев дека тоа ќе биде моето место,

тоа е место за кое сонувам.

Веднаш на прв поглед се заљубив,

од тогаш за таму копнеам.

Ми велат светот е голем, има милиони места,

ми велат не знаеш.

Ама тие се уште трагаат по своето,

тие не знаат.

Да го имаа најдено ќе знаеа, ќе сфатеа

зошто во глава само едно место е,

кога сакаш мир и спокој да пронајдеш

кога сакаш да побегнеш од се.

Малку е за Канео што и да кажам, 

место мое омилено.

Немам доволно зборови да те опишам

ој Охридска убавино!

Автор: Јасмина Михајлоска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.