Дојди ми – Анастасија Лефкоска

Пропатувајте низ различните периоди опишани во прекрасните стихови што ни ги испрати Анастасија Лефкоска. Пријатно читање!

Ќе се сретнеме, ветувам.

Слушај ме.

Дојди ми таму кај што мракот ја љуби светлата месечина,

во тоа мало делче помеѓу лага и невистина,

во делот кај што врие и засекогаш запира крвта,

дојди ми точно на границата помеѓу животот и смртта.

Ќе стојам таму, со векови и еони,

ќе те чекам со денови и денови додека солзите при твоето недоаѓање ќе ми ги бришат

моите мили, црни демони.

Ќе те чекам помеѓу мракот и светлината на ѕвездите,

помеѓу шумолењето на реките и вејот на брезите.

Ќе те чекам со Данте во пеколот на неговата комедија,

на кривинката, до Шекспир додека ја пишува неговата трагедија.

Ќе те чекам додека Каренина за Вронски одмазди ќе ми раскажува,

ќе те мислам додека Шехерзада во другата соба илјада и една  приказна прекажува.

Ќе пијам чај во тие еони долги,

крајдејќи му на Зевс молњи,

додека Дикинсон ми ги чита стиховите на младоста болни,

талкајќи со Фантомот низ подземните катакомби.

Ќе те чекам и до Пушкин додека го шамарам неговиот Онегин,

ќе се смеам и со Оскар додека ја гледам сликата на Доријан

 и мирно,

 тивко со Едит потпевнувам додека Елена од Троја кришум ја погледнувам,

не ти е ни до колена,

да биде ти, само може да сонува.

Дојди ми, таму долу,

зошто горе не знам дали ќе нѐ примат нас самотниците,

затоа кога ќе доаѓаш дојди во дувлото на уметниците.

Кај што Фреди секое утро нѐ буди,

кај што ги прераскажуваме на Ван Гог соништата луди,

на масата дрвена крај оганот, кај што По ни го чита гавранот додека неговата Ленора од

него не се помрднува,

на линијата помеѓу можното и невозможното каде Рацин Раца ја прегрнува.

Дојди ми во сонот на инсомничарот,

во будноста на нарколептичарот,

дојди ми пред Сапо да си го потроши мастилото,

пред Др. Џекил да му подлегне на лудилото.

Дојди ми, дојди и не доаѓај,

ако не на јаве, ниту во сонот не ми проаѓај,

зошто уморен е Фројд,

не може за тебе да слуша веќе ни тој,

па затоа му побегнав кога Хадес сам на маса го здогледав.

Неговата Персефона горе беше а тој сам,

“Без љубов не вреди и бог да си и крал.”

“Ех Аде брате, да знаеш само што ми тежи на душава,

мали ќе ти се огништата во Тартарус и темно Сонцето во Елизија,

ако дојде и судбините нема да ја издржат таа визија,

боговите ќе паднат ко пиони,

опиени од тронот сите овие еони,

Земјата ќе се стресе и порасне,

целиот оган во пеколов ќе изгасне.

Само ако дојде и тука зачекори,

сѐ што допре има во злато да претвори, Мидас ќе го засрами и Елена ќе ја кленкне на колена,

со таа душа голема, со тие очи тиркизни, со потезите скромни но никогаш понизни.

Аде брате,

ако дојде – катаклизма и преродба,

олеснување на една душевна тегоба,

ако ве погледне само,  знам,

ќе читате одново и одново од другарка ми Мир – Јам,

обидувајќи се да сфатите како еден поглед ве стопил,

веќе мртви, а ве убил. “

Хадес се насмевна и замижа, писмо со црно мастило на Персефона ѝнапиша,

а јас останав чекајќи го тој твој допир недопирлив, на масата штом Хадес замина, со Мерлин.

Дојди, те чекам во Холивуд,

во точката измеѓу лесната слава и силниот труд,

во малиот круг со Мерлин и Одри додека Џинџер и Фред играат на рамниот покрив,

додека Џејмс го крие неговиот копнеж и порив.

Дојди, се пропив амброзија,

дојди пред да почнат Черчил и Ленин да ми тупат за историја,

пред вотката со Керол да ја испие Патриција.

 пред очите сини на Николај да се насолзат,

пред сите овие гореспоменати да исчезнат.

Дојди ми  таму на линијата каде што врие и запира крвта,

во јавето и сонот на животот и смртта,

дојди ми,

те чекам веќе со еони,

што повеќе се чинат како неколку денови.

Дојди ми,

Ќе се сретнеме таму, ветувам,

Ќе ти кажам сѐ што сакаш,

тогаш веќе ќе немам што да изгубам.

Автор: Анастасија Лефкоска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.