Зошто? – Снежана Паноска

Понекогаш, како во оваа вечер, сакам да ти дојдам пред твојата (таткова) врата.
Да застанам на првото починалиште, да заѕвонам на првото ѕвонче и да почекам. Да, да почекам да станеш полека од удобното столче на кое седиш, или од каучот на кој лежиш  и во кој оставаш траги веќе подолго време од твоето постоење.
Па да се зачудиш  гледајќи ја  матната силуета која стои пред вратата, а која ја гледаш низ стаклото. Се чудиш или не, нема да знам, оти веќе долго време јас немам застанато на тоа починалиште. Па кога ќе ме видиш, кога ќе те погледнам во лице, да ги сокријам солзите кои ми навираат во аглите , како и сега. Па кога ќе ме погледнеш, ќе ми речеш ли – влези ???!!! Зачудено, налутено, навредено.
Или можеби , ќе кажеш – што бараш ти тука ??…Овде повеќе нема никого за тебе !!!.. Овде немаш што да бараш!!!
А јас, јас само сакам да ја бакнам кваката на татковата врата, да го помирисам мирисот на татковата куќа… Како некогаш …. Кога беше полна…со радост…со луѓе…со љубов.
Како некогаш, кога ме испраќаше и пречекуваше…како некогаш…

Понекогаш, како во оваа вечер, сакам да ми дојдат на сон , само да ги сонам… моите спомени за таа мала улица…за мојата куќа, која повеќе не е моја, одамна ја немам… Понекогаш, само понекогаш, оддалеку ги голтам неисплаканите солзи, за недобиеното прашање – ЗОШТО ??…ЗОШТО БРАТЕ???…ЗОШТО???

Автор: Снежана Паноска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.