Бесплатни сајтови за читање е-книги на српски јазик

Модерната доба донесе многу предности, а една од тие по која е карактеристична е брзиот развој на информатичките технолгии. Во морето новитети, еден од најкорисните современи методи е бесплатното читање онлајн книги. Библиотеките со разни наслови од бројни автори се само на неколку кликови од нас! Книгите никогаш не ни биле подостапни и тоа целосно бесплатно.

За сите вие кои читате книги на српски јазик ви подготвивме опширна листа на извори (сајтови) преку кои можете да дојдете до е-книга. Прочитајте во продолжение!

Online knjige.com е сајт на кој можете да уживате во филозофски дела, мистерии, политички, како и научни книги, а пред читањето можете да ѕирнете и во нивните извадоци. Содржи околу 100 дела од српската книжевност, квалитетно подготвени во електронски формат и главно пишувани на кирилица.

Elektronska knjiga е сајт поделен во неколку категории: пдф библиотека, енциклопедии, анализа на училишни лектири, граматика на српски јазик, аудио книги, туторијали… Многу содржински сајт на кој можете да пронајдете мноштво интересни наслови и корисни информации од различни области.

Blog “Besplatne e-knjige” ќе ве дочека со српски автори чиишто дела можете да ги преземете, но правилата за користење налагаат дека книгата можете да ја преземете само за лично користење. Иако станува збор за блог, понудата на книгите е солидна и квалитетна.

Cicilendbiblioteke е сајт на кој можете да најдете дела од разни автори, од Балашевиќ, преку Агата Кристи до Толкин. Станува збор за занимилива литература што не треба да се занемари.

Antologija srpske književnosti ќе ве одведе во свет на доживувањата на српските најпознати писатели за што не ви е потребен ниту брз интернет. Ако не сакате да згрешите во изборот на книга, тргнете со ред.

Antikvarne knjige е сајт на кој можете да читате дела печатени од почетокот на 19-ти век, од исклучително широк жанровски спектар, за помалку од 100 динари по примерок. На сајтот постои дел во кој може да се пронајде и бесплатна литература.

Ljubavni romani е одличен сајт за тие кои ги интересира овој вид литература. Поголемиот број дела можете да ги читате бесплатно, додека за некои е потребно да се претплатите за симболична сума пари.

Srpska književnost u 100 knjiga е одличен сајт како појдовна основа за почетници. Збирката на Народната библиотека од Србија ги опфаќа српските најзначајни книжевни дела од 12-ти до 20-ти век.

Serbian forum е сајт за кој е потребна регистрација. Овде можете да најдете различни книги, школски учебници, списанија.

Balkan download е сајт кој нуди српски и странски книжевни дела (преведни на српски и хрватски јазик), аудио книги, списанија, но и цртани филмови, игри, филмови.

Mediafire  е сајт на кој можете да се регистрирате со помош на Фејсбук или Твитер налог. Имињата на авторите се подредени по азбучен редослед, а на располагање ви се и полињата за пребарување. Сајтот има навистина многу наслови од српски и странски автори.

Library Genesis содржи десетици илјади наслови, меѓу кои можете да најдете и дела на српски јазик. Ова е вистинска скапоценост за сите љубители на книжевноста.

Knjige.club содржи солидна збирка книжевни дела кои можете да ги пребарувате според името на книгата или авторот. За да имате пристап потребна ви е регистрација.

Korisna knjiga е интернет книжарница која покрај хартиените (нови и половни) книги, содржи околу 40 наслови во дигитален формат. Делата се достапни по многу поволни цени, а се пребаруват по различни категори, пример: бизнис и пари, книги за деца, спорт, романи, забава и хоби итн. Книжарницата има и богата понуда на книги напишани на англиски јазик. Посакуваните книги можат да се платат на повеќе начини (уплатници, платежна картичка и при подигање на порачката), а неопходна е регистрација за порачување и плаќање на книги.

Google books нуди опции за напредно пребарување. Проектот „Библиотека“ е резултат на соработката на Google со големите светски библиотеки. Книгите на кои им се истечени авторските права можат да се преземат во пдф формат. Овде можат да се пронајдат голем број книги на српски јазик од 19-ти век и почетокот на 20-ти век.

Laguna e-knjige е сајт кој има лесни четива за читање и релаксирање, но и добри квалитетни наслови. Овде секој може да си пронајде наслов за себе. Првите неколку страници од книгата може да се прочитаат бесплатно и да се донесе одлука за евентуално купување.

Следните портали имаат богата понуда на е-книги чиијшто издавач (во голем дел) е токму Лагуна.

Novinarnica е одличен портал кој на корисниците на едно место им овозможува пребарување, читање и купување весници, сисанија и книги во електронски облик. Нуди и бесплатна содржина која не се плаќа.

Projekat Rastko е електронска библиотека составена од стручни установи и локални заедници кои се посветени на уметноста, традициите и општествените науки. Сајтот е поделен по области, а достапно е и поле за пребарување.

Продолжува на следната страница…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.