Што е хаику и како да напишете одлична хаику поема во 5 едноставни чекори?

Хаику е една од најпопуларните форми на поезија во светот. Ова има добра причина: да се напише хаику на неправилен начин е лесно – тоа може да се направи за 60 секунди. Како и да е, ако сакате да одите над основите и да создадете извонредно хаику, ќе ви биде потребно време и малку работа. Првата задача е  – да се сфати неговата форма. Хаику се кратки, многу кратки поеми кои потекнуваат од Јапонија од 13 век. Традиционалното хаику нема рима, и вообичаено е напишано во минато време, и е ограничено само на 17 слогови. Кога е напишано на англиски, тие 17 слогови се делат на три стиха со по 5, 7 и 5 стихови наизменично. Темата на типичното хаику е „суштината на моментот копнежливо почувствуван, каде што природата е поврзана со човечката природа“.

Оригинално, овие кратки поеми биле само воведни овации на вид говорна поезија наречена „ренга“ во која повеќе поети наизменично додаваат строфи додека крајната поема не биде долга од вкупно 100 строфи. Хаикуто функционирало речиси како современите поеми. Околу 16-ти век поетите почнале да создаваат хаику како  самостојни поеми, иако тие често биле споени со проза или цртежи. Хаикуто потекнува од постарите Ренга поеми (што ги споменавме претходно) кои биле составени од 5 стихови и 31 слогови, каде првиот дел од 3 стихови сочинувал 17 слогови наречен хокку. Вториот дел на ренга поема (цукеку) ги имал последните 2 стихови со по 7 слогови на стих. Структурата на ренгата била во формата 5-7-5-7-7. Ова значи дека хаику и хокку се суштински исти. Но главната разлика е во тоа што во хаику мора да се вметне збор кој ја изразува сезоната, наречен киго.

Пишување

Покрај хаику, постојат и слични форми од кои ќе ги споменеме само: хаига, хаибун и катаута. Накратко она што треба да се знае за хаигата е дека таа е тандемски, ликовно-поетски потфат. Притоа, секој од елементите (и сликата и текстот) го задржува сопствениот идентитет, но прикажани заедно (сплотени во една нова целина) тие продуцираат нови естетски ефекти и побогати значења. Хаигата подразбира сложена естетска комуникација: во чинот на рецепцијата читател-гледач едновремено ги восприема и пораките од вербалниот (хаику) и од визуелниот текст (цртеж, слика, фотографија).

Западниот свет го открил хаикуто стотици години подоцна, а конечната структура конечно прави скок во англискиот јазик во раниот 20-ти век. Денеска оригинално хаику се пишува низ целиот свет, и нови поеми се објавуваат на шпански, француски, португалски, полски, бенгалски и на многу други јазици.

Хаку почетоците кај нас

За почетоците на хаику творењето кај нас има многу малку податоци. Првите објави во страниците на литературните списанија со хаику се појавуваат дури во шеесеттите години на минатиот век. Први хаику творби од македонски автор во печатена форма, во вид на збирка, се појавени во циклусот со двоен наслов ,,Чунови“ – ,,Хаику“, од Александар Поповски (1932) во 1966 год. објавени во ,,Кочо Рацин“ – Скопје.
Циклусот содржи 51 тристишје.

Првата посебна целосна хаику збирка во македонското творештво е со наслов ,,Врв“ од Христо Петрески (1957), а е објавена во 1983 година, во издание на ,,Развиток“ од Битола. Претходно авторот се појавил со циклус од 23 хаику творби во загрепскиот двонеделник ,,Око“ во 1980 год.  Во 1991 год. Х. Петрески го објавува првиот осврт на македонската хаику поезија под наслов ,,Запис за македонското хаику“.Во тој период се појавуваат уште неколку квалитетни хаику творци меѓу кои се вбројуваат Добринка Крстевска, Видое Подгорец, Петко Дабески, Димитар Аргакиев, Александар Прокопиев и други.

Петко Дабески (1939) е еден од најактивните и најплодни хаику творци, од почетоците на хаику творештвото кај нас. Автор е на повеќе хаику збирки и објавуван во сите позначајни македонски гласила, со своето хаику творештво. Посебно впечатлива му е хаику збирката ,,Не е сѐ хаику“.

 Петко Дабески  е автор на првата ,,Антологија на македонското хаику“ објавена во 2003 год. во која се застапени девет македонски хаику творци. Други наши автори кои пишуваат хаику се: Никола Маџиров, Тони Павлески, Искра Донева, Владимир Мартиновски, Жаклина Михајлова, Марјан Минов, Жарко Кујунџиски и други.

Интересен податок поврзан со хаику натпревар е оној кој се одржал во 2014-та година, кога македонскиот поет Пере Ристески ја освоил третата награда на меѓународниот натпревар на тема „Дете/Змеј“ што го организирало специјализираното списание за хаику поезија „Диоген“ од Босна и Херцеговина, во конкуренција на 144 автори од 26 земји од целиот свет и испратени 1296 хаику творби. Тој е еден од најафирмираните хаику поети од Македонија, неговото хаику е објавувано низ целиот свет, во најпопуларните списанија и антологии.

Пере Ристески го нарекуваат охридскиот хаику мајстор. Член е на Друштвото на писатели „Григор Прличев“ од Австралија, Обединетата хаику и танка заедница од САД, Светската хаику асоцијација од Јапонија и Европската хаику заедница од Италија. Ристески рекол: „Со хаику, обичните мигови од секојдневието стануваат посебни“. Ние не можеме, а да не се согласиме со ова.

Јапонското хаику и главни поети од Јапонија

Неодминливиот јапонски хаику-мајстор Мацуо Башо во една прилика рекол дека доброто хаику не се пишува со зборови, туку со срцето.

Богатата ризница на традиционалното јапонско хаику изобилува со песни во кои поетот (преку вербална порака од само 17 слогови, целосно лишена од извештачен патос) ненаметливо покажува дека сочувствува со сите појави што го опкружуваат, а особено за незаштитените, кревки, лесно ранливи, суштества, како што се бубачките, птиците (а впрочем и човекот).

Пред да преминеме на одговорот на прашањето Како да напишете хаику? да кажеме само дека Преводот на хаику поемите претставува вистински предизвик за лингвистите, со цел да се задржи строго утврдената форма на овој древен поетски израз, а воедно и поради фактот што јапонскиот јазик е многу побогат и поколоритен од европските јазици, особено во поглед на квантитетот на зборови кои опишуваат впечатоци, емоции или атмосфера. Можете да го однесете пишувањето хаику на сосема друго ниво ако ги следите следниве едноставни 5 чекори што ќе ви ги презентираме следно. За да го илустрираме процесот ќе се послужиме со примери, читајте внимателно.

  1. Опишете ја „суштината на моментот
    Што се обидуваме да кажеме со ова? Замислете дека сакате да соопштите дека дошла пролет. За да го соопштите преку фотографија би сликале расцутени цветови како главен кадар, и можеби некој друг природен пејзаж. При пишување поема за доаѓањето на пролетта во нашиот пример корисно би било составувањето на следната листа од тврдеа кои би ни помогнале во процесот:
  • Живеам во земја во која има прилично убава клима, нема многу врнежи и има доволно сончеви денови.
  • Календарот можеби вели дека е пролет, но сивите облици, влажните тротоари и безживотните дрвја го велат спротивното.
  • Додека сум надвор на прошетка, наидов на дрво кое беше обземено од моќта на пролетта.
  • Розе цвеќињата се прекрасни!
  • Мора да им кажам на луѓето за ова. Никој нема да верува дека пролетта конечно дошла во градот откако се чинеше дека зимата никогаш нема да заврши. Сите мора да знаат!

Откако ќе ги напишете тврдењата, обидете се да го извадите најсуштинското што ќе претставува она што сакате да го опишете. Најубаво би било кога би можеле да издвоите еден или два конкретни збора од тврдењата кои сте ги напишале.

2. Ограничете се на избор од две паралелни слики
Хаику се создава со размислување и споредба на две впечатливи често моќни, неспоиви слики. Двете подредени слики може да бидат монотони, сиви, со незапирлив дожд, и единственото дрво кое ја најавува новата сезона со процветување. Со други зборови, во примерот од погоре, направивме светот да биде заглавен во зима, паралелно со природниот свет ослободен од доаѓањето на пролетта. Овој концепт преведен во сцена, би звучел нешто вака:

На бетониран паркинг простор, Ништо не процветува,

Единственото дрво се одбранува со  јазикот на розовите цвеќиња.
(Ова е превод во слободен стил од англиски и затоа не се испочитувани правилата од 17 слогови, но идејата е таа).

3. Поврзете ги двете слики со збор што ги пресекува
Јапонскиот термин за „збор што сече“ е тешко да се преведе и на англиски, а камоли на македонски. Хаику друштвото од Америка го опишува како „вид на говорна интерпункција која означува пауза или дава нагласок на едниот дел од поемата.

Всушност, е збор, елемент на интерпункција, или друго поетско средство кое или ја прекинува сцената и ја крати поемата на две мисли, или ја крати поемата на крајот за да му овозможи на читателот чувство на затворање или крај. Јапонските хаику поети имаат осумнаесет стандардни вакви зборови за „кратење“ кои доброволно ги користат, и термините немаат англиски еквиваленти. Како резултат на тоа, поетите што говорат англиски се потпираат на интерпункциски знак како на пример цртичка за да го означат запирањето, трите точки за да сугерираат на избледување на мислата, и „Ах“ или други слични извици за да го означат изненадувањето. Ако сакате да го прекинете текот на мислата на читателот и да ја принудите на некој начин имагинацијата да оди во друга насока, обидете се со зборовите „но“, „како и да е“, или „одеднаш“.

4. Додајте „сезонски збор“ (или збор одреден со време)
Зборуваме за јапонски вокабулар. Овој пат имаме термин „каиго“ или „сезонски збор“.  Тој збор  го прави следново: го пренесува годишното време кое се опишува во хаикуот. Традиционалните сезонски зборови се собрани во листа на јапонски наречена саиџики (не знам дали е точен изговорот на зборов). Зборовите како „жаба“ и „расцветани цреши“ сигнализираат „пролет“ на јапонскиот читател, додека „дива патка“ или „нарцис“ непогрешливо значат „зима“. За жал повеќето од овие „сезонски зборови“ не ги означуваат истите годишни времиња како на Западната публика, посебно публиката од 21 век која ги дели животите на урбани и дигитални опкружувања. Можете и да измислите и ваша сопствена локација – и културно специфични сезонски збор. На пример зборовите „тикви“ и „магла“ ја претставуваат есента, додека „лалињата“ и „зајаците“ се препознатливи по пролетта.

5. Ограничете се на 17 слогови
Ова е наједноставниот и најтешкиот дел. Да се потсетиме на стандардната структура на хаику: 5, 7 и 5 слогови во три стиха, и да се потсетиме дека зборовите не мора да содржат рима. Но, бројот на слогови од секој ред мора да биде еднаков. После разделувањето и користењето на сезонски зборови треба да добиете целина која е правилна хаику поема и ги содржи овие чекори на пишување.

17 април е прогласен за интернационален ден на хаику поезијата, овие јапонските поеми кои најчесто ја опишуваат природата, со силна емотивна присутност во кусата содржина.

Се надеваме дека помогнавме со информациите кои се важни за секој што почнува да пишува хаику. Треба само да почнете, и мислите сами ќе течат во креативниот процес.

Се вели дека оној кој во текот на животот ќе создаде три или пет хаику песни, е хаику поет. А, оној кој ќе напише десет хаику поеми, е мајстор. Затоа перата во рака, и станете мајстори на хаику поезијата.
Ве предизвикуваме да напишете 5 ваши хаику поеми и истите да ни ги испратите на нашиот меил: krajbrezjenadvasveta@hotmail.com

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.