Интересни факти за Џ. К. Рoулинг

Иако пишува под името „Џ. К. Рoулинг“ , нејзиното име кога се издаде првата книга Хари Потер беше едноставно „Џоан Рoулинг“. Пред да ја издаде нејзината прва книга, нејзиниот издавач Bloomsbury се плашел дека младите машки купувачи нема да сакаат да ја купуваат книгата знаејќи дека е напишана од женски автор. Ѝ предложил на Рoулинг да користи два иницијали, наместо да го открива нејзиното вистинско име. Џоан бидејќи немала средно име, ја одбрала буквата „К“ како Кетлин за својот втор иницијал, од нејзината татковска баба. Името Кетлин никогаш не било дел од нејзиното вистинско име. По нејзиниот брак, таа понекогаш го користи името Џоан Мареј кога е потребно за приватни потреби. Таа самата себеси се вика „Џо“ и има изјавено, „Никој не ме нарекол ‘Џоан’ кога бев мала, освен ако не беа лути.“

Но што и да велат, факт е дека Џ.К.Роулинг го исполнила договорот со издавачката куќа „Блумсбери“ – напишала (дури) 7 романи за животот на симпатичното момченце-волшебник. Освен тоа, за 10-тина години, снимени се и 5 филмови според нејзините романи, а таа стана најчитан писател на светот. Нејзините дела се преведени на повеќе од 60 јазици, вклучувајќи ги и латинскиот и старогрчкиот. Му направила голема услуга на човештвото – по многу време, децата посакаа, наместо со видео-игри, времето да го поминуваат дружејќи се со книгите. Жената, пак, која го измисли Хари Потер, по богатството зад себе ја остави и сонародничката, англиската кралица: денес заработува по 600 долари за секој пишан збор.

Исто така, таа почнала да пишува поради депресија. Животот пред Хари Потер бил многу далеку од совршенство за неа. Но во 1993 година таа се развела од својот сопруг Хорхе, со кој живеела во Португалија. Таа страдала од клиничка депресија. Таа има и ќерка Џесика Изабеал и немала доволно средства за да се грижи за неа. Во тоа време се пријавила и почнала да живее од социјална помош. Почнала да пишува и за авантруите на волшебникот, бидејќи сепак немала што да изгуби. И покрај тоа што нејзината книга ја одбиле дури 12 издавачки куќи, сепак на крајот ‘Bloomsbury’ ја објавиле нејзината книга.

Па? Животот сепак дава повеќе од една шанса…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.