На денешен ден починал Хорхе Луис Борхес – еден од најголемите светски писатели

Хорхе Луис Борхес (24 август 1899, Буенос Аирес – 14 јуни 1986, Женева) бил аргентински писател, есеист и поет. Тој е еден од најпознатите интелектуалци на современата култура кој длабоко ја одбележал латиноамериканската книжевност, поради што се вбројува меѓу најголемите светски писатели.
Меѓу неговите најважни дела се вбројуваат: „Универзална историја на бесчестието“, „Фантазии“, „Алеф“, „Извештајот на Броди“.

Хорхе Луис Борхес во 1921 година

Творештвото на Хорхе Л. Борхес

Неговата прва песна „Химна на морето“, напишана во стилот на Волт Витман, била објавена во списанието Grecia. Kога се вратил во Аргентина, во 1921 година, почнал да објавува песни и есеи во надреалистичките литерарни списанија. Својата прва поетска збирка, „Страста на Буенос Аирес“ (Fervor de Buenos Aires) ја објавил во 1923 година, а соработувал во авангардното списание „Мартин Фиеро“. Истата година, Борхес станал уредник на литерарниот додаток во весникот „Критика“, каде што објавувал делови од неговите приказни коишто подоцна ги објавил во „Универзалната историја на бесчестието“. Исто така, во овој период, Борхес бил соосновач на весниците „Призма“ (што го лепеле по ѕидовите на зградите во Буенос Аирес) и на „Проа“. Подоцна, Борхес не бил задоволен од некои од првите публикации и се обидел да ги откупи за да ги уништи.

Во средината на триесеттите години од 20 век, Борхес почнал да ги истражува егзистенцијалните прашања и фикцијата. Аргентинската критичарка Ана Марија Варенечеа го нарекува неговиот стил „иреалност“. Тогаш, Борхес редовно соработувал во списанието „Југ“, основано во 1931 година од Викторија Окампо, кое било најзначајното литерарно списание што го прославило неговото творештво.

Окампо го запознала Борхес со Адолфо Биој Казарес, уште едно познато име во аргентинската литература, со кого се спријателил и често соработувал. Заедно напишале многу трудови под литературниот псевдоним Х. Бустос Домек, како и пародија на детективските серии и фантастични приказни. Во тој период, семејниот пријател Мацедонио Фернандез имал големо влијание врз Борхес. Тие воделе разговори во кафеаните, на село или пак во малиот стан на Фернандез во Балванера. Неговото име се појавува во „Дијалог за дијалогот”, каде што двајцата расправаат за бесмртноста на душата. Во 1933 година, на еден уреднички состанок, Борхес се изборил во литературниот додаток на весникот „Критика“ да ги објави собраните приказни под насловот „Универзална историја на бесчестието“ (Historia universal de la infamia). Овие раскази биле објавени како посебна книга во 1935 година, а следната година излегло неговото дело „Историја на вечноста“. Во мај 1939 година, Борхес го објавил расказот „Пјер Менар, Автор на Кихот“, а неговата прва збирка со кратки раскази „Градина со разгранати патеки“ (El jardín de senderos que se bifurcan), се појавила во 1941 година, составена од осум раскази што биле претходно објавени во списанието „Југ“. Книгата наишла на добар прием, но не освоила некоја книжевна награда, како што се очекувало.
Во 1944 година, Борхес ја објавил книгата „Фантазии“, додека во 1949 година излегло делото „Алеф“.

Во 1950 година се појавило неговото познато дело, краткиот расказ „Чекање“ (La espera). Во овој период, Борхес покажувал голем интерес за идеализмот, што може да се забележи во есејот „Ново побивање на времето“, од краткиот расказ „Прецизност во науката“ (Del rigor en la ciencia), од песните „Нешта“ (Cosas) и „Голем“ (El Golem), како и од расказот „Кружни урнатини“ (Las Ruinas Circulares). Во 1952 година, Борхес го објавил делото „Нови истражувања“, а во 1954 „Книга за измислените суштества“ (El libro de los seres imaginarios). Во 1961 година, Борхес го свртел вниманието на пошироката книжевна јавност кога ја добил меѓународната награда „Форментор“ (Prix Formentor), зедно со Самуел Бекет.
Во 1967 година, Борхес започнал петгодишна соработка со американскиот преведувач Норман Томас ди Џовани. Во овој период, Борхес ги објавил делата: „Поинакви, исти“ (1964), „Пофалба на сенката“ (1969), „Бродиевиот извештај“ (El informe de Brodie) од 1970 година, расказот „Конгрес“ (El Congreso) од 1971 година, „Песочна книга“ (El libro de arena) од 1975 година, и „Историја на ноќта“ (1977). Во 1971 година, Борхес ја добил Наградата на Ерусалим. Во 1980 година, во Мадрид му била врачена престижната награда „Сервантес“, следната година ја објавил книгата „Лозинка“, а во 1984 се појавило делото „Атлас“.
Своето последно дело „Заговорник“ го посветил на градот Женева, додека неговите последни четири раскази се објавени во збирката „Сеќавањето на Шекспир“ (La memoria de Shakespeare).

Осврт кон творештвото на Борхес

Борхес е најпознат по своите кратки раскази, но пишувал и поезија, есеи, сценарија, литературни критики, а објавил и многу антологии.
Борхес е значаен и како преведувач. Преведувал од англиски, француски и германски јазик, а ги превел делата на Вилијам Фокнер, Херман Хесе, Франц Кафка, Волт Витман, Вирџинија Вулф и други. Борхес дал голем придонес кон филозофската литература, но и кон жанрот на фантастиката. Критичарот Анхел Флорес, кој прв го употребил изразот „магичен реализам“ за да го одреди жанрот кој се развил како одговор на реализмот и на натурализмот кои доминирале во 19 век, смета дека почетоците на ова движење се наоѓаат во делото на Борхес Универзална историја на бесчестието (Historia universal de la infamia). За него, писателот Куци рекол: „Повеќе од секој друг го обнови јазикот на фикцијата и го отвори патот на една извонредна генерација на шпанско-американски романописци.“
Една книга на македонскиот писател Александар Прокопиев е наречена „Борхес и компјутерот“.

One comment

  1. […] кредо на една специфична метафизика – помеѓу него и Хорхе Луис Борхес постои своевидна литературна поврзаност која […]

    Ми се допаѓа

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.