Добитник на „Прозарт“ за 2020 е Исмаил Кадаре

Наградата „Прозарт“, која Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ му ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, оваа 2020 година му припадна на големиот албански писател Исмаил Кадаре за неговиот импозантен повеќедецениски романсиерски и есеистички опус, кој редовно предизвикува највисоки одгласи кај европската и светската критика.

Поради неможноста фестивалот да се одржи во вообичаениот термин (крајот на мај), лауреатот ја доби наградата, која се состои од статуетка и паричен дел, во неговиот дом во Париз. Организаторите најавуваат дека 8-то издание на фестивалот ќе се одржи наесен. Во прозното творештво на Кадаре се преплетуваат минатото и современоста, митот и иронијата, индивидуалното и колективното, пренесени на многу специфичен и карактеристичен стилски и јазичен идиом, кои го издвојуваат неговото дело во групата на современите светски великани на литературата.

„Со голема чест му ја доделуваме наградата „Прозарт“ на писателот што ги одбележа втората половина на минатиот век и почетокот на новиот век со провокативноста и компактноста на неговите книжевни остварувањa“, стои во образложението на одборот за доделување на наградата „Прозарт“.

Одборот на наградата го сочинуваат: Ермис Лафазановски, претседател, Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски, членови.
Кадаре е автор на повеќе светски познати книги, меѓу кои „Генералот на мртвата војска“, „Тврдина“, „Трострелниот мост“, „Пирамида“, „Наследникот“… Сите овие книги се разликуваат во однос на тематиката, времето и просторот кои се обработуваат, но многу сродни во однос на етичките и стилските суштествени одлики на писмото на Кадаре.

„Непомирлив во однос на чесноста на писателскиот, но и интелектуален став, со непресушен имагинативен капацитет, Кадаре постојано во текот на половина век творештво ги изненадува познавачите на литературата со високолитерарна разработка на теми во кои содејствуваат локалното и универзалното.

Кадаре изрази благодарност за признанието:

Се натажив што нема да можам да ја прифатам поканата на фестивалот за лично да ја примам наградата која љубезно ми ја доделивте, но поради моментната пандемија, се надевам дека ова писмо на благодарност од далечина е доволно. Се разбира, особено важно ми е дека наградата „Прозарт“ ја велича литературата од Балканот и сум почестен што влегувам во друштво на досегашните лауреати на ова признание. Читателите на моите дела може првично ме сметаат за албански писател и тоа е прилично разумно. Тие можеби ме сметаат и за автор кој истражува извесни настани во историјата, кои не се важни само за балканскиот регион – Шекспир, грчката трагедија, Втората светска војна, аферата „Пастернак“.

Можеби, сепак, само читателите на Балканот се тие што може најдобро да проценат како моите дела комуницираат со прашања за регионалниот идентитет – историја, топографија и сл. Можеби исто така еден албански читател или кинески читател би почувствувал одредена врска со мојот роман „Концертот“, кој го истражува, меѓу другото, ненадејното заладување на кинеско-албанските односи – нешто што австралиски или аргентински читател не може да го почувствува така, а истовремено тој албански и кинески читател можеби нема да го паметат периодот во кој се случиле настаните или дури и не биле родени во тоа време. Го кажувам сето ова за да нагласам дека наградата што ја слави литературата на Балканот е особено добредојдено признание од истакнати литературни творци и се гордеам што можам да дадам придонес.

Можам да додадам дека литература на Балканот е глобална литература затоа што толку многу балкански автори, вклучувајќи ме и мене, се читаат од превод. Уште повеќе, нашите регионални прашања се глобални прашања – каде, на пример, завршува Европа? Не станува збор за прашање на кое литературата – од Балканот или која било друга – може да одговори дефинитивно, но е прашање на кое литературата и историјата се покажале фасцинантни“, напиша Кадаре во писмото.

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ и годинава ќе се реализира со помош на: Делегацијата на ЕУ во Скопје, Министерството за култура, Град Скопје и Институтот „Јунус Емре“ од Скопје.

Исмаил Кадаре е албански писател кој ужива голема меѓународна репутација. Тој ја започнува својата литературна кариера како поет во 1950-тите години. Во шеесетите, тој ја пренасочува својата креативна енергија кон прозата и многу скоро станува нејзин неоспорен мајстор и најпопуларен албански писател. Во 1992, е награден со Prix mondial Cino Del Duca, а во 2005 ја освојува првата награда на Man Booker International и неколкупати бил номиниран за Нобеловата награда.

Неговите дела се преведени на 50 светски јазици. Член е на француската академија, како и на уште неколку други значајни светски институции и асоцијации. Досега има објавено десетина книги поезија, раскази и романи и есеи, од кои најпознато дело му е романот Генералот на мртвата војска.

Извор

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.