Чарлс Дикенс кого го нарекле книжевен гениј починал на денешен ден – прочитајте ги неговите цитати

Чарлс Џон Хафем Дикенс (7 февруари 1812 – 9 јуни 1870) бил англиски писател и социјален критичар. Тој е автор на едни од најпознатите светски ликови и дела, а се смета за еден од најголемите писатели во Викторијанската ера.
Неговите дела имале голема популарност своевремено, а веќе во 20 век научниците и книжевните критичари го признале како книжевен гениј.

Дикенс бил роден во Портсмут. Тој го напуштил училиштето за да работи во фабрика во период кога неговиот татко бил затворен. И покрај недостатокот на образование, тој бил уредник на неделник цели 20 години, напишал 15 романи, пет новели, стотици кратки раскази и статии, држел предавања, борец за правата на децата, образованието и социјалните реформи.

Успехот на Дикенс започнал во 1836 година со издавањето на Посмртните записи на Пиквичкиот клуб. За неколку години тој станал светска книжевна ѕвезда, познат по својот хумор, сатира и детален приказ на ликовите и општеството. Неговите романи, повеќето објавени во месечни списанија или неделници, биле пионери на сериското издавање на еден расказ, што пак станало доминатен начин за издавање еден роман во Викторијанската ера.
Овој начин на издавање му дало можност на Дикенс да ја испита реакцијата на публиката за претходното објавено дело и така често ги поправал своите ликови или приказни во согласност со реакцијата на публиката.

Дикенс се сметал за книжевен големник во неговата доба. Неговата новела од 1843, Божиќна приказна, сѐ уште е популарна и ги инспирира љубителите на различните уметности. Оливер Твист и Големите исчекувања исто така се доста популарни и се обработуваат во училишта ширум светот, но тие се исто така важни за деталниот приказ на Лондон и Викторијанска Англија. Дикенс добил пофални критики од голем број светски книжевни џинови, почнувајќи од Лав Толстој па сѐ до Џорџ Орвел на пример.

Дикенс имал објавено повеќе од 12 романи, голем број на кратки раскази и статии, неколку драми и слично. Некои од позначајните дела на Дикенс се:

  • Посмртни записи на Пиквичкиот клуб (The Posthumous Papers of the Pickwick Club, април 1836 – ноември 1837)
  • Оливер Твист (Oliver Twist, февруари 1837 – април 1839)
  • Николас Никелбај (Nicholas Nickleby, април 1838 – октомври 1839)
  • Старата антикварница (The Old Curiosity Shop, април 1840 – ноември 1841)
  • Барнаби Раџ (Barnaby Rudge, февруари – ноември 1841)
  • Божиќна приказна (A Christmas Carol , 1843)
  • Мартин Чазелвит (Martin Chuzzlewit, јануари 1843 до јули 1844) и други.

Уживајте во неговите најпознати цитати:

„Никој не е бескорисен во овој свет, затоа што некому му го олеснува товарот“.

„Постои мудрост на главата, и секако, постои мудрост на срцето“.

„Постојат жици во човечкото срце кои би било подобро да не бидат допрени“.

„Оваа болка што ми ја создава заминувањето не е ништо како радоста која ја чувствувам кога се среќаваме повторно“.

„Еднаш господин, секогаш господин“.

„Таа седи таму пред мене. Постои грациозност во нејзината форма; не може да се погреши – не постои нешто како неа… Зошто е толку болно убава што никогаш не можам да ѝ бидам лут, дури ни сега?“

„Не е во моја природа да кријам нешто од оние за кои сум приврзан. Никогаш не можам да ја затворам устата онаму кадешто сум го отворил срцето“.

„Љубовта не е чувство за да помине, како пријатен здив во летен ден; не е – и не може да биде ставена настрана; таа не е нешто што може да се заборави или сокрие“.

„Нема ништо толку заразно во светот колку смеата и добриот хумор“.

„Имајте срце кое никогаш не скаменува, темперамент кој никогаш не се уморува и допир кој никогаш не повредува“.

„Небото знае дека никогаш не треба да се срамиме од нашите солзи, бидејќи тие се дождот кој паѓа врз заслепувачката прашина од земјата која ги покрива нашите тврди срца. Се чувствував подобро кога плачев. Бев посочувствителен, посвесен за мојата неблагодарност и понежен“.

„Размислувајте за работите што ги имате моментално, а сите ги имаме во изобилие. Не размислувајте за несреќите од минатото, кои сите сме ги доживеале“.

„Се надевам дека вистинската љубов и вистина се посилни од сето зло и сите несреќи на светот“.

„Страдањето е најсилниот учител и тоа ме научи да разбирам какво ми било срцето. Сум бил превиткуван и кршен, но се надевам дека на крајот сум излегол во подобра форма од сето тоа“.

„Никогаш не ги затворајте усните за оние на кои веќе сте им го отвориле срцето“.

„За сето тоа што сум се обидел да го направам во животот, сум давал сѐ од себе за да го направам како што треба. Работите на коишто се посветувам, се посветувам целосно. Истото важи и за големите и за малите цели“.

„Срцето што љуби крие најголема мудрост“.

„Има мудрост на разумот и мудрост на срцето“.

„Семејството не мора да се состои само од оние со кои сме крвно поврзани, може да се состои и од оние на кои би им ја дале нашата крв“.

„Толку многу размислувам за топлите и чувствителни срца што би направил сѐ за да ги поштедам од болка“.

„Барам само да бидам слободен, пеперутките се слободни“.

„Среќата е подарок и трикот лежи во тоа да не ја очекувате, туку да ѝ се радувате кога ќе се појави“.

„Мора да бидам прифатен таков каков што сум направен. Успехот не е мој, неуспехот не е мој, но и двете ме прават тоа што сум“.

„Поезијата му го прави на животот она што светлата и музиката ѝ го прават на сцената“.

„Радоста и задоволството најмногу разубавуваат и тие се најпознатите заштитници на добриот изглед“.

„Правете го и тоа што е мудро и тоа што е добро, извлекувајте го најдоброто од луѓето, а не најлошото“.

„Доследноста во љубовта е добра работа, но не значи ништо, доколку не сте доследни во сѐ што правите“.

„Љубовта иако е слепа, таа е внимателен набљудувач“.

„Ден потрошен на други луѓе никогаш не е залудно потрошен“.

„Љубовта е она што го врти светот!“

„Тагувањето никогаш не ги излечило скршените коски.“

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.