Хенри Милер – еден од најголемите американски писатели починал на денешен ден

Хенри Милер (1891-1980) бил американски писател. Се школувал во Бруклин, а работел во Њујорк. Подоцна, работел во Париз како новинар.

Милер почнал да пишува во Париз, каде ги создал своите најдобри дела. Првиот роман, Раковиот Повратник (Tropic of Cancer) е објавен во 1934 година, а зборува за неговите искуства и доживувања во Париз. Потоа ги објавил следниве дела: Црна пролет (1936), Јарчевиот Повратник (1939) и трилогијата Розево распетие (Сексус, Плексус, Нексус).
Исто така, објавувал патописи и драми.
Иако неговото творештво било оспорувано од некои американски критичари, денес Милер се смета за еден од најголемите американски писатели и зазема значајно место во современата светска книжевност, а Раковиот повратник за еден од најголемите американски романи.

Неговата новела „Мирни денови во Клиши“ се состои од два посебни текста: „Мирни денови на Клиши“ и „Мара Марињан“ при што вториот дел, според тематиката и книжевната постапка, претставува природно продолжение на првиот дел, така што двата текста прават неделива целина.
Првиот дел е напишан во Њујорк, во јуни 1940 година, а бил преработен во Биг Сур, во 1956 година, додека вториот текст е напишан во Њујорк, во мај 1940 година, а бил преработен во Биг Сур, во мај 1956 година.

„Мирни денови во Клиши“ е носталгично сеќавање на еден Американец, вљубен во темната страна на Париз. Главните јунаци во ова дело се проститутките, макроата, емигрантите, новинарите и пропаднатите писатели, а плоштадот Клиши, заедно со околните улички, кафеани, бордели, евтини хотели и бедни соби се местото на случувањата.
Иако стилот е типично милеровски, во ова дело тој го слика Монмартр со посветли бои, а еротските пасажи се испреплетени со лирски. Во споредба со неговите останати дела, оваа новела се одликува со помала горчина и безнадежност, а со повеќе оптимизам, со помал сарказам, а со повеќе хумор, и со помалку философија, а повеќе секојдневност.

Во продолжение прочитајте ги следниве негови цитати:

„Во моментот кога ќе почнеме да обрнуваме повеќе внимание на што било, дури и на обична трева, тоа станува мистериозно, одлично, неописливо прекрасно.“

„Сексот е еден од деветте важни причини за реинкарнација. Останатите 8 се неважни.“

„Дестинацијата на некого никогаш не е место, туку нов поглед кон нештата.“

„Треба да читаме за да ѝ овозможиме на нашата душа да се насладува.“

„Целта на човекот никогаш не е местото, туку нов начин да ги види работите.“

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.