Франц Кафка – претходникот на егзистенцијализмот

Поминаа 96 години од смртта на еден од најзначајните и највлијателните писатели на 20 век – Франц Кафка (3 јули 1883 во Прага – 3 јуни 1924 во Виена). Најголемиот дел од неговите дела се објавени посмртно. Во неговите најпознати дела, романите „Процес“и „Замок“ како и новелата „Преобразба“), пишува за бирократијата, за алиенацијата и за немоќта на поединецот да влијае врз општествените случувања.

Врската со неговиот доминантен татко е исто така честа тема во она што го пишува.

Општо е прифатено мислењето дека Кафка страдал од клиничка депресија и социјална анксиозност целиот свој живот. Исто така се претпоставува дека Кафка страдал од некој вид атипична анорексија, што довело до негова прерана смрт на 40 годишна возраст во санаториумот Кирлинг во Клостернојбург, во близината на Виена.

Иако неговиот мајчин јазик е германски, Кафка одлично знаел и чешки бидејќи неговиот татко бил чешки Евреин кoj потекнувал од Прага и сакал неговиот син одлично да ги зборува и двата јазика.

Кафка во својот живот објавил само неколку раскази, само мал дел од неговото творештво и поради тоа неговото творештво не привлекува значајно внимание додека бил жив. Пред да почине му рекол на својот пријател Макс Брод да ги уништи сите ракописи.

Неговата љубовница Дора Диамант делумно ги извршила неговите претсмртни барања. Голем дел од неговите последни ракописи, вклучувајќи 20 тетратки и 35 писма таа тајно ги задржува сè додека не се конфискувани од Гестапо во 1933.

Книжевното дело на Кафка му припаѓа на германското експресионистичко движење. Врз него делувале делата на Сигмунд Фројд, а егзистенционалистите го сметаат за свој претходник. Пишувал со едноставна, речиси фактографска техника, изобилно употребувајќи ја филозофската и религиозната симболика, често на граница на алегорија. Неговиот логичен, збиен стил му овозможувал совршено природно да ги изнесува своите фантастични визии.

Постојат повеќе критики кои се обиделе да го објаснат и да ги толкуваат делата на Кафка интерпретирајќи ги преку одредени школи на литературната критика – како што се модернистите, магичните реалисти итн. Очигледната безнадежност и апсурноста кои се врежани во неговите дела се сметаат за симболичен егзистенцијализам. Други пак се обидуваа да лоцираат марксистичко влијание во неговата сатиризација на бирократијата во делата како „Процес“, „Замок“, итн., а некои критичари пак сметаа дека главната инспирација на Кафка е анархизмот и антибирократскиот индивидуализам. Дури и денес постојат интерпретации на неговите дела преку јудаизмот (поради фактот што бил Евреин и пројавувал интерес за еврејската култура). Борхес прави неколку перцептивни забелешки во однос на ова стојалиште за јудаизмот: преку Фројд (поради семејните несогласувања) или како алегорија на метафизичко барање на Бога (Томас Ман се согласувал со оваа теорија).

Во поговорот кон полскиот превод на „Процес“, Бруно Шулц го опишува Кафка како писател со „неверојатно чувство за одговорност“ и „религизона умереност“ и „творец од голем формат, кој посегнува по највисоките задачи, кој се бори за разрешување на најдлабоките битови прашања“, истакнувајќи дека „творештвото на Кафка е богато и интензивно, од самиот почеток готово и зрело“. Притоа, според Шулц, Кафка е воспевач на божествениот поредок, но тоа го прави со карикатурална деформација, во навидум компромитирачки и апсурдни форми.

Уживајте во некои од неговите цитати:

Дружењето со човечки суштества го тера самиот човек да се набљудува.“

„Младоста е среќна бидејќи има капацитет да ја види убавината. Секој кој ја задржал способноста да ја види убавината, никогаш не старее.

Постојат два грева од кои потекнуваат сите други – нетрпеливост и мрзливост.“

Изморен сум, не можам да мислам на ништо и само сакам да легнам во твојот скут, да ја чувствувам твојата дланка на мојата глава и да останам така цела вечност.“

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.