Волт Витман – О јас! О животе!

„О јас! О животе!“ е една од позначајните песни на Волт Витман објавена во 1857 година во неговата збирка Лисја трева. Главна тема на песната е животот и неговата безначајност. Како што кажува самиот поет, човештвото е во постојана борба, во постојана потрага на смислата на своето битисување. Поетот го има одговорот: треба да се живее животот без да се бара некоја посебна смисла и секој од нас има посебен придонес за сите околу себе со тоа што едноставно живее, едноставно постои. За него, како поет, најголемиот придонес се разбира се неговите стихови. Затоа, да живееме и да уживаме во животот затоа што е еден и единствен!

Интересно е да се спомене дека во филмот Друштвoто на мртвите поети Робин Вилијамс (во филмот ја игра улогата на професорот по англиски јазик Џон Китинг) ја користи оваа песна за да им објасни на учениците зошто луѓето читаат и пишуваат поезија. Ви го претставуваме преводот на песната и епската сцена од филмот ( на англиски јазик).

Уживајте!

О, јас! О, животе!

О јас! О животе! Прашања кои постојано ме демнат,

За бескрајни поворки грешници, за градови полни глупаци,  

За мене, зошто постојано си прекорувам, (зарем има некој што е поглупав од мене,

Поголем неверник?)

За  очите кои копнеат по светлина, за подлите мотиви, за бесконечната борба,

За целиот неуспех на сево ова, за целиот измачен и мизерен народ кој го гледам околу мене,

За празните и бескорисни животи на другите, на другите со кои сум сплотен,

Прашањето, О јас!  толку тажно, толку измачувачко – има ли воошто нешто добро во сето тоа, О јас, О, животе?

Одговор:

Ти си тука – и животот постои и идентитетот

И моќната претстава продолжува да се игра и ти можеш да ѝ ги дариш твоите стихови.

Превод од англиски јазик: Маја Дојчинова Малиновска

Еве го и видеото од филмот. Се извинуваме што е на англиски јазик. И се разбира, како што вели самиот Робин Вилијамс, луѓето пишуваат поезија и сакаат поезија затоа што знаат да љубат.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.