Андреј Вознесенски – руски поет, писател и есеист, и добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата

Андреј Андреевич Вознесенски (12 мај 1933, Москва – 1 јуни 2010, Переделкино, Москва) — современ руски поет, писател и есеист, добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.

Неговата прва збирка песни под наслов “Парабола” е објавена во 1958 година и таа веднаш го прикажала неговиот оригинален стил, карактеризиран со живата тендеција да “се вреднува” современиот човек преку модерни категории и слики, преку ексцентрични метафори, преку сложен ритмички систем и богати звучни ефекти.
Владимир Мајаковски и Пабло Неруда најчесто се цитираат како поетите кои најдлабоко влијаеле врз неговото творештво, иако тој самиот, како свои најголеми примери ги истакнувал доцниот Миро и раниот Корбизје.

Вознесенски бил еден од таканаречените “деца на 60-тите”, една генерација мислители кои го вкусила интелектуалното ослободување за време на постсталинистичкото одмрзнување. Неговите иновативни стихови ги иритирале властите и тој честопати бил критикуван од конзервативните советски писатели. Во историјата ќе остане запаметено дека во 1963 година во Кремљ јавно бил критикуван од тогашниот шеф на советската држава Никита Хрушчов, кој хистерично викал: „Земете го пасошот и заминете надвор, господине Вознесенски“.

Андреј Вознесенски, заедно со Евгени Евтушенко, Бела Ахмадулин, Роберт Рождественски и Булат Окуџава припаѓа на славната генерација советски поети кои се појавиле околу 1960 година и кои за брзо време станале познати низ целиот свет. Неговите дела се преведени на најголемите светски јазици. Вознесенски бил слободоумен космополит, иноватор во поезијата, модерен во поглед на формата и содржината, а во песните ги обединувал своите широки и разновидни интереси (модерната наука, филозофија, модерното сликарство, модерната музика). Најголемата вредност во неговата поезија е јазикот, зашто тој имал слух и интуиција за феноменот на јазикот, за пронаоѓање врски меѓу најоддалечените зборови и по тоа потсетува на Хлебников. Исто така, покажувал голема грижа за формата на песната, страст за артизам и педантерија. Во своите песни, тој ги мешал епското и лирското, јазичните и звучните асоцијации, метафорите, градскиот жаргон, народниот говор, звучни рими, научни изрази, фолклорни елементи, странски зборови, изреки.

Проза започнал да пишува во 1980-тите години на XX век. Така, во 1982 година, ја објави приказната „О“, а во 1984 година книгата „Духовен надзорник“.

Пишувал експериментална поезија што секогаш се потпирала врз радицијата на руската авангарда. Истражувал нови можности и употребувал звучни асоцијации и асоцијативни низи, гротескна и парадоксална метафорика, а, исто така, при градбата на своите стихови се потпира на архитектурата и сликарството.
Негови најпознати дела се: Парабола, 1960; Мозаици, 1960; Триаголна крушка, 1962; Антисветови, 1964; Ахилово срце, 1966; Сенката на звукот, 1970; Дабов виолончелов лист, 1975; Соблазна, 1978; Неконтролирано, 1981.

Починал на денешен ден. Во негова чест споделуваме една негова песна.

Балада за точката

Балада? За точката? За смртната пилула?!
Ај, не правете се улав!
Зарем за пушкинскиот куршум не сте чуле!

И за оној ветер
што фиука, ко низ клапите на кларинетот,
во продупчените глави на подобрите поети.

Бодејќи ја надуеноста и свинштината со стрели
кон потомците се упати траекторијата на тој фиук!
И немаше точка. А имаше – почеток, нели?

В земја заминуваме ние
како во врати на железничка станица.
И точката на тунелот е црна, ко топовска цевка …
Во бесмртност ли води таа, во предел ли без граница,
ил’ во неизвесност таква
што луѓето да не ја знаат?!…

Смрт нема. И точка нема. Постои на куршумот патот
а тоа е втората проекција на истата права, брате.

Во природата, по проценките, не постои точка.
Ние ќе бидеме бесмртни. И тоа е – точно!

Андреј Вознесенски

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.