Волтер – предвесник на француската револуција

На денешен ден починал Франсоа Мари Аруе (Париз, 21 ноември 1694 година – Париз, 30 мај 1778 година), познат по книжевниот псевдоним Волтер. Тој бил француски филозоф, писател и историчар за време на периодот на Просветителството и негов најважен претставник. Познат е како предвесник на француската револуција. Неговата глава филозофска цел била да се бори против религиозниот фанатизам. Тој ги претставал овие идеи во 1759 година, наведувајќи ги сите зла и злосторствата направени од  црквата. Според Волтер, напредокот  во општеството и цивилизацијата не е можен без толеранција. Затоа, црквата го обвинила за поткопување на монархијата и следствено на тоа  за деградација на моралот во општеството.

Волтер е плоден автор, кој создал дела во речиси секоја литературна форма, вклучувајќи драми, поезија, романи, есеи и историски и научни дела. Има напишано повеќе од 20 000 писма и повеќе од 2 000 книги и памфлети.  Тој бил отворен застапник за граѓанските слободи и покрај ризикот да биде подложен на строгите закони за цензура во тоа време. Како сатиричен полемичар, тој во своите дела честопати ги критикувал нетолеранцијата, религиозните догми и француските институции.

Името Волтер, кое авторот го зел во 1718 година, е анаграм од AROVET LI, латизираниот правопис на неговото име Arouet, и почетните букви на le jeune (помладиот). Името, исто така, ги содржи, во обратен редослед, слоговите од името на еден семеен замок во регионот Пуато: Airvault.

Способноста за брзи, остроумни, саркастични и духовити критички досетки го направиле Волтер многу непопуларен кај некои од неговите современици, вклучувајќи и одредени членови на француската аристократија. По излегувањето од затворот, Волтер повторно дошол во судир со власта, поради што морал да пребегне во Англија.

Прогонството на Волтер во Англија траело речиси три години, и неговите тамошни искуства значително влијаеле врз многу од неговите идеи. Особено влијание врз него имале Исак Њутн и Шекспир.

Потоа се вратил во Франција, но целиот живот бил во судир со властите и откако се пошегувал со миленичката на кралот мадам Помпадур, тој повторно морал да ја напушти Франција и, по покана на прускиот крал Фридрих II, во 1750 година се преселил во Потстдам. Таму, во 1752 година Волтер ја напишал книгата Micromégas („Микромега“), можеби прво дело од научната фантастика.

Потоа, после една расправија со Мопертуј (Maupertuis), претседателот на Берлинската академија на науки, тргнал кон Париз, но Луј XV му забранил влез во градот, па наместо во Париз тој свртел кон Женева, во чија близина купил голем имот (Les Délices). Иако на почетокот бил срдечно примен, законот во Женева, кој забранувал театарски изведби, и објавувањето на Девицата од Орлеан“ против неговата волја, го натерале да се пресели надвор од Женева (на крајот на 1758 година), на границата меѓу Франција и Швајцарија, во замокот Фернеј (Ferney), каде што купил уште поголем имот. Таму, во 1759 година, Волтер го напишал романот „Кандид“ (Candide, ou l’Optimisme).

Уште од рана возраст, Волтер располагал со талент за пишување стихови. Неговата прва објавена книга е поезија. Тој има напишано и две долги епски поеми, првата „Анријада“ (Henriade), напишана на француск  јазик  и „Девицата од Орлеан“, но и многу други помали дела.

Делата на Волтер особено неговите приватни писма, често го содржат зборот „l’infâme“ и изразот „écrasez l’infâme“, или „скрши ги неславните“. Фразата се однесува на злоупотребите од страна на благородниците и свештенството што Волтер ги гледал околу себе, и суеверието и нетолерантноста што свештеството го сеело меѓу народот. Тој ги има почуствувано овие ефекти на своја кожа преку прогонствата, конфискациите на неговите книги, и ужасните страдања на Кала (Calas) и Ла Бар (La Barre). Еден од неговите најпознати цитати е и: „Суеверието го фрла целиот свет во пламен, филозофијата го гаси“.

Волтер верувал дека на ниту еден единствен религиски текст или традиција на откровение не му е потребно да верува во Бога. Неговиот фокус повеќе е врз идејата за универзум базиран врз разум и почит кон природата, што подоцна се одразува врз современиот пантеизам. Како и другите главни мислители за време на европското просветителство, Волтер се смета себеси за деист, изразувајќи ја идејата: „Што е верба? Дали е тоа да се верува во она што е очигледно? Не. Совршено јасно му е на мојот ум дека постои неопходно, вечно, возвишено и интелигентно суштество. Тоа не е работа на вербата, туку на разумот“.

Многу од Волтеровите прозни дела и романси, обично составени како памфлети биле напишани како полемики. Кандид ја напаѓа пасивноста инспирирана од филозофијата на Лајбниц за оптимизмот (L’Homme aux quarante ecus), одредени општествени и политички гледишта од тоа време (Zadig), примените форми на моралната и метафизичка ортодоксија, а некои од нив биле напишани за да ја иронизираат Библијата. Во овие дела, очигледен е Волтеровиот ироничен стил, ослободен од претерувања, особено воздржаноста и едноставноста во третманот на зборовите. Токму Кандид е најдобриот пример за неговиот стил.

Во февруари 1778 година, за првпат по 20 години, Волтер се вратил во Париз, меѓу другото и за да ја види премиерата на неговата најнова трагедија „Ирена“ (Irene). Петдневното патување било премногу заморно за осумдесет и три годишниот Волтер, кој верувајќи дека ќе умре, на 28 февруари, напишал „Умирам обожувајќи го Бога, сакајќи ги моите пријатели, не мразејќи ги моите непријатели и презирајќи го празноверието“. Сепак, тој се опоравил, и во март ја погледнал изведбата на „Ирена“, а публиката се однесувала кон него како кон херој. Наскоро, тој се разболел повторно и умрел на 30 март 1778 година, а неговите последни зборови биле: „Во име на Бога, оставете ме да умрам во мир“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.