Жената со храбро срце

Секоја чест на Медицинскиот персонал, за првата успешна трансплантација на срце во Клиника- Скопје:

ЖЕНАТА СО ХРАБРО СРЦЕ
Дојран плаче. Дојранско езеро тагува и бранува, како со солзи за Емилија. Тагуваме сите за жената со храбро срце, која замина, засекогаш. Таа беше достоинствена жена, сопруга и мајка, која ја познаваа во Дојран, ете ја запознавме и ние во околината и подалеку деновиве преку медиумите. Длабоко нè   трогна таа кобна вест, за која почувствувавме неизмерна болка и тага во нашите срца. Велат комшиите, пријателите, дека таа беше жена, со широко македонско срце, кое остана да чука и после кобниот настан, срце кое што сакаше да чука уште долго… долго…да живее во Емилија , наша македонска сограѓанка, а имаше и причина. Зошто?

Емилија ќе остане запаметена засекогаш, ќе се слави нејзиното име секогаш.

Најтешка одлука беше донесена од нејзините најблиски, да се донира дел од нивното чедо, да одлучат и најмилите во семејството, за да се донираат делови од нејзиното тело. Подвигот на нејзините и несебична донација од најмилите беше одлучна, да се донираат нејзини делови, да се спасат три човечки животи. СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ОДЛУКАТА.
Сега нејзиното срце е трансплантирано и чука кај друг пациент.
Пациентот и неговите блиски искрено жалат за прераната загуба за младата жена, нејзината младост, за ружата која овена прерано. Благодарноста на донорот е преголема, за донираното срце, исто така и за двата нејзини бубрези кај други двајца пациенти, на кои им се продолжува животот. Додека, зборови за утеха на семејството, за големата семејна загуба нема, што и да се каже, нивната тага и болка е преголема, ненадоместлива.

Секоја чест на храброста, хуманоста, упорноста, залагањето, искуството на медицинскиот персонал, на долгата и макотрпна шестчасовна издржливост и преголема внимателност, во тој долг и успешен процес. Велат крајот го краси делото и навистина, со голем аплауз, сигурно и солзи радосници, што продолжува живот, кај човек, кој можеби никогаш и не се надевал. Но, ете успешноста кај тимот на медицинскиот персонал е голем, преголем, кои овозможија нов живот со многу храбро срце. Ние слушателите, покрај медиумите едвај дочекавме да слушнеме убави резултати за успешноста на срцевата трансплантација кај пациентот.

ЕМИЛИЈА Е ХЕРОЈ !!! НО ТОА ИМЕ ХЕРОЈ ЗА ЕМИЛИЈА Е МАЛКУ ДА СЕ КАЖЕ!!!

НЕЗАМЕНЛИВА ЕМИЛИЈА, ПОЧИВАЈ ВО МИР!!!

Автор: Благица Бунтеска

24.05.2020 г.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.