На денешен ден починал Виктор Иго: „Не е страшно да се умре, страшно е да не се живее“

Виктор Иго (Безансон, 26 февруари 1802 – Париз, 22 мај 1885) бил француски писател, еден од предводниците на францускиот романтизам. Покрај Балзак, Иго се смета за најголема фигура во француската книжевност во 19 век. Негови најпознати дела се Богородичната црква во Париз и Клетници. Како политичар, Иго бил голем борец против деспотизмот и тиранијата, а се залагал за укинување на смртната казна.


Бил оженет за Адел Фуше, симпатија од неговото детство, со која имал пет деца.
Иако бил посветен ројалист како млад, неговиот светоглед се променил со текот на годините, па подоцна станал републиканец, што се одразило во неговото творештво. Иго живеел 20 години во прогон на островот Гернзи во Ла Манш за време на владеењето на кралот Наполеон III. При враќањето во Париз бил свечено пречекан.
Неговото дело ужива голема почит во неговата родна земја, а неговиот лик се наоѓал на француската банкнота од пет франци.
По три неуспешни обиди, во 1841 Иго бил избран за член на Француската академија и со тоа ја потврдил својата улога во француската книжевност. Потоа се вклучил во политичкиот живот и постанал голем поборник на Републиката. Истата година, кралот Луј-Филип го поставил Иго за кралски генеалог и од таа позиција зборувал против смртната казна, социјалната неправда, и слободата на печатот.

За време на прогонството, Иго ги напишал познатите памфлети за Наполеон Бонапарт, Наполеон Малиот и Историја на едно злосторство. Памфлетите биле забранети во Франција, но имале големо влијание. Додека бил на островот, Иго го напишал познатотo дело Клетници и неговите многу ценети збирки на песни (Казни 1853; Контемплации 1856; и Легендата на вековите 1859).
Неговото творештво е големо, исто така поетското дело на Иго е огромно и се состои од речиси 200 000 стихови. Својата прва поетска збирка, Оди и разни песни, Иго ја објавил во 1822. Во 1856 Иго ја објавил збирката Контемплации, која ја пишувал дури 25 години.
Виктор Иго умрел на 83 години и бил погребан во Пантеон, а на неговиот погреб присуствувале повеќе од два милиони луѓе.

Во негова чест ги споделуваме овие негови цитати:

“Вие размислувате за ѕвездите поради две причини – затоа што тие блескаат и затоа што тие се недостижни, но има едно нешто што е со многу поблескав сјај и многу подлабока тајна – жената”.

“Секој човек има три лица: она што му го припишуваат, она што тој самиот си го препишува и она што во суштина го има.”

“Мислите се дело на умот, а соништата се неговата страст”.

“Првиот знак на вистинската љубов кај мажот е недостатокот на храброст, а кај жената точно обратното”.

 “Оставете ги мислите да созреат, но не и да презреат. Преработеното овошје не оди на пазар”.

“Најголемата среќа во животот е верувањето дека сме сакани”.

“Оној кој отвора училишта ги затвора затворите”.

“Не само што Фортуна е слепа, туку ги заслепува своите најомилени деца”.

„Првите денови Бог ја создал жената, а поради нејзиното задоволство карминот.“

„Првата љубов е многу голема и многу мала.“

„Она што го води светот и го носи напред не се локомотивите туку идеите.“

„Зборовите се игли со кои се прицврстуваат мислите.“

„Не е страшно да се умре, страшно е да не се живее.“

„Нема ништо помоќно на светот од идеите до кои дошло самото време.“

„Мажот не го задржуваат во домот децата, туку мудроста на жената.“

„Љубовта не познава средина: уништи ја или спаси ја.“

„Љубовта е бесмртно и бесконечно жариште во нас, кое ништо не може да го ограничи и ништо не може да го изгасне.“

„Длабоко сум убеден дека мртвите живеат сѐ додека живите мислат на нив.“

„Колку повеќе знае човекот, толку повеќе пати.“

„Оној кој размислува не може да биде невработен. Работата може да биде видлива и невидлива.“

„Подобро да верувате во сѐ отколку да не верувате во ништо.“

„Мажот има само една сигурна љубов – љубовта на својата мајка.“

„Кога не би постоеле жените, дијамантот би бил само обичен камен.“

„Соништата создаваат иднина.“

„Дури и најтемната ноќ ќе заврши и сонцето повторно ќе изгрее.“

„Да знаеш, да мислиш, да сонуваш. Тоа е сѐ.“

„Не е тешко да бидеш добар, тешко е да бидеш праведен.“

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.