Професорите Виктор Фридман и Јоуко С. Линдсет се добитници на почесното Рациново признание

Професорите д-р Виктор Фридман од Чикаго, САД и д-р Јоуко Сакари Линдсет од Хелсинки, Финска, се годинашни добитници на почесното Рациново признание за афирмација и промоција на македонскиот јазик, книжевност и култура во странство, соопшти градоначалникот Аце Коцевски во името на Организациониот одбор на манифестацијата, која годинава се доделува по 57-ми пат, но за првпат во нов термин, септември-октомври.

Проф. д-р Фридман е меѓу најреномираните светски лингвисти, македонист и славист, редовен професор по славистика и балканистика на Универзитетот во Чикаго и афирматор на македонскиот јазик ,лингвистика и македонистика во целина, како во САД, така и во светот.
Проф. д-р Линдстет е професор по филологија на Универзитетот во Хелсинки од 1986, учесник во проектот „Денешната лингвистичка мапа на западниот дел од Регионот Виа Игнација”, раководител и главен истражувач на значајниот проект „Кониковско евангелие“.

Конкурсот за доделување на Рациновото признание ќе биде објавен пред 13 јуни, денот на убиството на Коста Солев Рацин.

По неколку години пауза ќе биде модифицирана и наградата „Антологија на болката“ за која првично преовладува мислењето на Организацискиот одбор, но конечната одлука треба да биде донесена на следната средба. Првичната нивна размисла е оваа книжевна награда да се доделува за најдобра песна на јавен конкурс кој би се објавил најмалку 30 дена пред одржувањето на Рациновите средби, а право на учество ќе имаат сите поети од С. Македонија и светот кои ќе учествуваат со своја песна на мајчин јазик и превод на англиски јазик.

Од 1964 година, Велес е домаќин на поетите од Балканот кои, во родниот град на основоположникот на современата македонска поезија и литература Кочо Рацин, го слават битот на поетскиот збор. Покрај презентацијата на поетското творештво во рамките на Рациновите средби се одржуваат и научни собири посветени на животот и творештвото на Рацин. На манифестацијата традиционално се доделува Рациново признание за најуспешно литературно остварување помеѓу две манифестации како и Почесното Рациново признание кое се доделува за научни трудови, преводи и други дела посветени на творештвото на Кочо Рацин.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.